Па не баш... Идејата е дека добиваш предупредување и знаеш од што да се пазиш. На пример добиваш резултат дека имаш силни генетски предиспозиции кон меланома. Паметно би било да не се сончаш, и редовно да употребуваш заштита (облека, креми) од сонце кога си надвор?
Или добиваш резултат дека имаш генетски предиспозиции кон артериосклероза па знаеш да припазиш повеќе од вообичаено на исхрана и движење, пазење на инсулин и слично. Потоа персонални информации за имуни и здравствени реакции на разни често употребувани лекови... И ова е исто така многу важно. Како да завртиш, многу корисни податоци. Служат за превенција, не за „стрес“ и паѓање во несвест.
Ова е многу прифатлива сума пари за секвенционирање на ДНК. Мене проблемот ми е друг - кој гарантира дека нема да вратат рандом податоци, дали воопшто ќе се анализираат семпловите? После некое време правиш ДНК секвенционирање кај друг вендор и резултатите се целосно различни. Што ќе правиш, и на кој резултат да му веруваш?
Го работев ова и there is no such thing as a random result.
Причината зошто е толку евтино:
1. Секвенционирањето се врши во Кина. Постојат фабрики за секвенционирање бидејќи NGS анализа е таква што потрошокот на реагенси е ист за дали ќе пуштиш една иули 40 анализи, меѓутоа за лабораторијата е поисплатливо да си ги врати парите ако пушти повеќе анализи одеднаш. Затоа скоро сите лаб во светот функционираат вака. Праќаат анализи за секвенционирање бидејќи не се исплати да купуваш секвенционатор, софтвер, реагенси итн.
2. Лаборатории ко DanteLabs или 23andMe се евтини бидејќи имаат "комерцијални" тестови што се интересни за поголемата маса (потекло, карактеристики итн.), но исто така рипортот што ти го праќаат не е најсјаен во однос на комплетно објаснување, советуање итн. И ШТО Е НАЈВАЖНО не ставаат потпис на тоа, дека стојат позади тоа што е дадено како резултат. WGS анализа како ПРЕДИКТИВНА МЕДИЦИНА (не дијагностичка) е многу етички комплексна, бидејќи се базира на веројатност, а не 100% сигурност дека ти ќе развиеш одредена болест. Чисто за споредба, нашата лабораторија е единствена во регионов што добива raw data и ги работевме резултатите и рипортот сами, со многу внимание и опширна генетска консултација. Генетската консултација со стручно лице е најбитниот дел од вакви анализи.
3. Најверојатно заглавиле финансиски и сега се обидуваат да соберат повеќе муштерии за да дојдат на нула.4
4. Последната најниска цена во Кина што знам е 300$ за геномско секвенционирање.
5. Ја добиваш целосната raw-data што е мнооогу голема работа, бидејќи тоа ти е life-time result и факт кој како што ќе се развива науката и нови мутации ќе се откриваат, секогаш ќе може да ти биде корисен. Бидејќи го работев ова и (горе-доле) знам да си ги анализирам raw-data резултатите, баш и не ме занима колку е добар рипортот на Dante, 23andMe etc.
*се извинувам за долг пост