Господо,
Сеа ќе пробам да ви го елаборирам парадоксот на господата кои што вградуваат плин на нивните потенцијално “остеливи мотори“. Тоа се господа кои возат помоќни мотори и кои немаат г’з сопственото возило да го воат 160 км/ч на бензин па решиле да вградат плин и на автопат да изиграваат јаки фраери и да шибаат со 160-180 км/ч.
Ова е само твое мислење и истото по мене е тотална глупост.
Ете јас имам 2.0 "осетлив" мотор и му стаив плин. И? Му ставив за да шибам по автопат пошто пред тоа на бензин не шибав? Не. Штом сум имал пари за возило со 2.0 мотор имам пари и за бензин за него, не е купено возилот зо позерај туку за возење. Плинот е вграден за поголема економичност, пошто да даваш повеќе пари за иста работа е глупо (да возиш на бензин vs да возиш на плин). Немам намера овој пасус повторно да го дебатирам со било кој и тука застанува моето учество во дискусија за истиот.
Компромисот со багажниот простор ми беше познати и не е многу страшен, за тоа со вентилите ако некад се деси тогаш ќе му ја мислам, а за губиток на сила не се сложувам, мене ми е иста силата. На другата кола (1.4) поубаво и работи моторот на плин, отколку на бензин. И јас бев порано жесток противник на инсталирање на плин, а сега сум поборник на идејата. Од овие факти неможе никој да ме разубеди, бидејќи сам имам видено дека истите (во мојот случај) се точни т.е. не се рекла-казала.
Сликите кои ги постираше Симо се точни, по муабети кои ги имам правено се неколку дилери на Субару (не само во МК туку и околу). Еби му матер, и да е така добро е додека трае, нема 200 години иста кола ваљда да возам. Не заборавајте дека во Грција има многу Субару-а и дел од нив се возат на плин. Ако добро се сеќавам на еден муабет Субару-Романија дава како опција продажба на ново возило со веќе вграден плински уред, и гаранцијата за возилото е стандардна. За другите марки не сум запознаен бидејќи не ме интересирало.
За тоа околу возењето до Белград и назад со над 160 цело време ќе ви кажам искуство од прва рака, за да не биде дека на памет зборам. За 8ми Март од Скопје до Белград со тројца во кола и релативно полн багажник стигнавме за 4:35 вклучувајќи 10 минутно дремење на граница на наша страна и една 10 минутна пауза за цигара. Се возеше 150 одприлика цело време додека имаше автопат. За назад исто толку брзо се возеше со тоа што имаше повеќе застанувања по пат. Возилот немаше (да не го урочам) никакви проблеми.
Во град истото се вози културно до кај 3000 - 3000 и нешто максимум, пошто во град ем нема каде да се шиба, ем тоа не ми е пракса.
Никој никого не треба да убедува дали е плинот добар, и дали да стави или не. На крајот тоа е само ваша одлука. Како секаде во животот така и тука треба да ги извагате ризиците наспроти придобивките, и ваше е да си одлучите што ќе правите.