Кај мене на работа има две Опел Комба, две Мериви и една Опел Атра Х (меѓу другите, инаку имаме 15-сетина коли ама ориентацијата ни е да ги замениме сите со Опели на моја иницијатива
, освен комбињата големи
). Со оглед на тоа што се сите бензинци (зборам за Опелите), а сепак се службени возила и многу се возат - Советодавниот одбор на фирмата одлучи да се конвертираат на плин со цел намалување на трошоците.
Сите Опели се со ист мотор како мојата Астра (1.4 Twinport Ecotec 16V 90KS) и пред еден месец довербата им ја укажавме на Плимонт кој ни монтираше Landi Max Plus системи со капалки, a ќе се стави и Tunap адитив во плинот (под притисок) и бензинот по препорака на Опел.
Како иницијатор за акцијава (раководител сум во Сервисот со најголемо техничко искуство за автомобилите) имав прилика да ги пробам сите возила како се однесуваат на бензин, а како на плин и искрено бев вчудоневиден кога не успеав да приметам разлика во перформансите, а да не речам и дека на плин некако порафинирано работеа без оние познати трзања специфични за Опел при тргнување и сл.
Ме фати јанза и ја зедов Астрата на тест да ја пробам накај Водно, а потоа и накај Тетово. Се уште ми е несфатливо како е можно јас како позната цепидлака не само да не можам да најдам маана, туку и филингот беше сосема поинаков во позитивна конотација.
Ја отворив хаубата ме интересираше да видам и како е монтиран уредот и искрено не само што немав никаква забелешка (со оглед на тоа што знам дека монтираат по цирка три уреди дневно) туку и бев позитивно изненаден за некои (веројатно од искуство) направени модификации во смисол на аранжирањето на цревата и сл.
Разговарав со колегите кои ги должат возилата и сите се презадоволни, а највише газдарицата
После ова, Богами, длабоко се размислувам и јас лично да инсталирам еден ваков ист плински систем во Плимонт и верувам дека нема да згрешам, моето искуство околу автомобилите е големо исто како и на Плимонт за системите. Можеби во моментов сум во стварно тешка финансиска ситуација, ама ќе гледам да ја искористам првата можна прилика со цел уште повеќе да ги намалам материјалните трошоци.
Појдовната точка можда и ми беше сервисот, пошто јас како сервисер повеќе од 20 години гледам секогаш да има резервни делови на лагер и најмал индекс на кварови - нормално и најмали трошоци на одржување. Исто така персоналот да е со соодветен кадар, обуки, усовршувања и т.н., како и логистичката подршка од производителот. Друга, трета или која и да е ствар е да овој уред е широко распространет низ Македонијава и безбедност дека утре фирмата нема да се затвори, па да си го барам чарето надвор од државава.
Сиромавиот два пати плаќа, фала Богу што учам на туѓи грешки, можда искуството доаѓа и со годините, незнам, ама дефинитивно по све ова ќе монтирам плин во Плимонт, за кој можеби претходно бев престрог во своите лични размислувања, ама фактите говорат све и еве ја користам оваа прилика јавно да им се извинам доколку на било каков начин се почувствувале навредени! Верувајте не било со никаква предумисла, туку се работи само за погрешна интерпретација на работите. По мене голем е оној човек кој има доблест да си ја признае грешката, не ми беше поентата во големината, туку не сакам да ме гризе совеста - човек сум кој е чесен, мирно спие и сака да им помогне на другите во рамките на своите можности, нормално, па еве будно ќе ја следиме натамошната ситуација и ви ветувам дека благовремено ќе бидете информирани за секој мој апдејт!
За објавување на постов (кој никако не е ОТ), чувствував морална потреба и ви благодарам на сите клабери за вниманието и разбирањето! Отсекогаш се залагав за максимална клаберска соработка, а многупати тоа и лично го докажав и покажав на дело и покрај мојата не многу завидна здравствена ситуација
. Се надевам дека се задоволни и стотината клабери со кои контактираме преку ПП во врска што поквалитетно решавање на нивните проблеми или било какви совети ...
Ве сакам сите и да не дозволиме никој да ни го растури нашето единство, зашто не заборавајте - carclub НЕ Е ЗАЕБАНЦИЈА !!!