гледајќи го видеово со кнауф надворешниве зидови.. а и одамна ми се врти во глава за каква надворешна изолација да ставам истовремено со голема негативност кон стиропорот...
Дали постои можност да се опшие куќата со некои кнауф профили да се напунат со камена волна, да се опшие со паропропусна фолија, да се заштрафат цементни кнауф табли или водоотпорни... Да се премачка со хидромал флекс и на крај мрежа со абрив.
Знам дека измислувам термо фасади но не го сакам стиропорот и не сакам да шлапам само камена волна 60 килска па мрежа па абрив.