Зошто не за дома?
Татко ми од незнам која причина ја има монтирано дома. Катастрофа е.
Нема загревање колку сакаш ти со рачката да си регулираш, туку некако предходно се мести сакана температура, а ти после само јачина регулираш. Шо значи или ти е ладно или прежешко.
Снопот на водата што излегува е многу лош. Личи на туш со дијаметар 2 см. Ништо не можиш да измиеш.
Ти виси кабел над мијалникот што оди во штекер.
Струја - Вода (мијалник)..... НЕ!!
Самото тело е исработено од пластика и рачката е исто така пластична. Нова е, а одма се осеќа дека нема да трае повеќе од 1 год.
Многу е фуш направена.