Диши ова воопшто или ќе капе вода од таванот?
Напротив, ако е вака како што вика дека е би требало да е баш за тие места идеално.
Капењето вода доаѓа од точката на оросување. Не е важно дишењето. Ако ова успее да ја крене температурата на тоа парче ѕид за 4-5 степени (немам мерки, затоа барам) и ја крене температурата на ѕидот над точката на оросување нема да се јавуваат капки. Точката на оросување се пресметува од влажноста и температурата на воздухот.
При 26 степени и 65% влажност роса би се појавила на 19тина степени.

Ако ѕидот пред изолирање бил 16 степени и капел, а после изолирање станал 20 степени, нема да капе.
Прашањето е дали имате некаде информација за ова, или мерење за да знаеме како работи? Или емпириско мерење како на видеава. Инаку ако дава макар и малку изолација делува како феноменална работа за лесно решавање на проблематични ѕидови. И релативно ефтино, гледам дека 16кг од ова е 5500 денари. Пред кречење ако не ти се глетувани ѕидовите ова може да се нашлапа и да е одлично!