Ај ако не ви е тешко споделете искуства со мебел. Посебно кожени гарнитури, кујни, плакари.
И дали некој имал искуство со Канапе, Пункт, Монтенегро, Југоекспорт, посебно за кожни гарнитури.
Куоре јас дома имам гарнитура, табуретка и лежалка од Пункт, изработени од црна кожа. Конкретно се работи за овие модели ( гарнитура
http://www.punktmebel.mk/piano , табуертка
http://www.punktmebel.mk/oksi ,лежалка
http://www.punktmebel.mk/rl ) . Купена ни се пред 3 годни кога уште Југоекспорт ги носеше и немаа сопствен салон. Активно се користи веќе 6 месеци и сега за сега сме презадоволни од квалитетот на кожата искористена за правење на мебелот. На кожата нема апсолутно никакви знаци на користење, ни па пукнатини и сл. Гарнитурата се наоѓа во дневен престој и се користи секојдневно без никакви пазења и сл. Досега ја немаме со ништо намачкано за одржување а сеуште е иста на боја и допир како денот кога ја земавме. Гарнтируата е од потенката кожа а лежалката е од најдебелата можна кожа што ја имаа, на допир се гледа разликата во дебелината и би ти препорачал да ја земеш од подебелата, нас сега ни е жал но тоа е, тогаш не ни се чекаше а испаднаа после други заврзлами и воопшто немаше да ни игра улога тоа време но тоа е

Разликата во цена беше околу 200-300 евра Исто и конструкциската изработка им е одлична. За разлика од Фидом гарнитура која ја има кај брат ми во собата и знае да крце кога се седнува, да се помести малце и слично кај оваа нема ништо а се користи далеку повеќе. Нема никакви звуци, мрдања или што и да е. Така да имаш голема препорака од мене за Пункт. Сега гледам дека се за нијанса поефтини што е уште подобро.
Исто имам искуство и со Југоекспорт, од кај нив земавме трпезариска маса, трпезариски столчиња, барски столици и огледала. Сега за сега се користат 6 месеци и од квалитетот сме задоволни. Сите се исто како кога ги купивме без никакви знаци на користење.
Што се однесува до услугата таму не сум баш задоволен. Трпезариската маса и столчињата ги плативме и при плаќањето и рековме дека ќе ги земеме по 5 месеци на што они се согласија и рекоа дека нема проблем. Кога дојде моментот да ги носат ни се јавија дека нашата маса ја дале по грешка и дека може да ни дадат друга и немаат таква, демк не ја произведувале веќе и сл. Зошто целиот друг мебел(гарнитури, кујни) ни беше правен со ист дизајн како масата, мајка ми отиде таму, крена малце галама закани и сл и најдоа таква маса и 8 столчиња и ни донесоа.