Удри математика колку ти иде на работна рака, и за другите материјали - подлога, малтер/лепак, абриб (завршна површина). После спореди ја целата сума за фасадата со разликата во пари помеѓу стиропор од 5см до 8см (или 10см, уште подобро)...
Колку (едноцифрени) проценти доби, од вкупната сума на фасадата?
Од друга страна, со подебел слој стиропор добивката во поефикасна топлотна изолација е осетна. Затоа нема поента во штедење на стиропорот.
Потоа кај стиропорот има разлика и во квалитетот, не е само до спецификациите како густина/килажа. Квалитетот е важен не само од аспект на брендот и хемискиот состав, туку и од аспект на изработката: ако стиропорот не е исечен на идеално рамни блокови, тоа ќе влијае на рамнината на самата фасада. Мајсторите може да компензираат, ама тоа значи повеќе употребен материјал и време (и повеќе шанси за неправилности на крајот).
Иначе погуст и потежок стиропор пред се е потврд и потпорен на разни механички влијанија (но тоа не значи и дека е подобар топлотен изолатор).