Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1591012 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3495 на: 08 Април 2015, 20:38:09 pm »

„кожени гарнитури„ -  го потат газот, и се pain-in-the-ass за одржување на долги стази.
Добри се само за импресионирање клиенти, на места каде не се седи повеќе од пола саат (и за тоа време ќе го испотат газот ако е лето).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3496 на: 08 Април 2015, 21:16:16 pm »
Црна кожа си е црна кожа.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3497 на: 08 Април 2015, 21:30:10 pm »
Ај ако не ви е тешко споделете искуства со мебел. Посебно кожени гарнитури, кујни, плакари.

И дали некој имал искуство со Канапе, Пункт, Монтенегро, Југоекспорт, посебно за кожни гарнитури.

Со гореспоменатите немам искуство, али затоа земав од Симпо пред две години, модел Бали. Двосед и тросед. Сега за сега сум задоволен, секојдневно се користи, се седи се лежи итн итн.
Единствено морам да ја покријам со фротирка зошто детето лежи, а зимно време ти требаат 5 секунди додека ја стоплиш каде што лежиш. Летно време пошто е кожа не поти, за разлика од скајот или еко кожа по ново.
Ако ти е температурата во собата нормална, значи 25 степени, нема зошто да се потиш. Освен ако не лежиш гол, нели.

Инаку бојата ми е темно кафена на гарнитурата.
Ако сакаш слика можам да ти ставам покасно.
Поздрав.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3498 на: 08 Април 2015, 21:43:52 pm »
За потењето е повеќе индивидуално. А другите работи како издржливост,трајност па поготово одржување(мало дете,прснало,шарнало,истурило...) се на страна на кожата. Исто како и во кола.

Сале фала ти,нема потреба да се мачиш да ставаш слика. Мене ме интересира да добијам некоја хиерархија на квалитетот кој го нудат фирмите за мебел кај нас. Немам појма што-како стојат работите нит со цени нит со квалитет. На муабет сите се јаки и имаат полни усти со фалби за себе.

Најмногу ми фати око во Канапе,арно ама по цел нет неможам да најдам ништо освен реклама. Монтенегро и Пункт имаат конкретно ист модел на  гарнитура, а кај едните е околу 4-500е поскап. 

Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3499 на: 08 Април 2015, 21:50:48 pm »
Другар купуваше пред 2 години и после исцрпно истражување се реши да земе од Симпо. Имаше опција да доплати стотина евра за кожа од прва класа или категорија или како и да се вика, и тој го направи тоа. Барем досега е многу задоволен.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3500 на: 08 Април 2015, 21:55:38 pm »
Канапе имаа мнооогу убави моделчиња (пред скоро 3 години). Не знам какви се со квалитет и издржливост. Тоа шо ме наапа малце кај нив, беше што после 3-4 пати одење во салон и преговарање за гарнитура, нејќеа ни 500 денари да симнат (а беше 70000 денари).

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3501 на: 08 Април 2015, 22:53:40 pm »
Од Пункт земав брачен кревет обложен со кожа. На самата кожа немам замерки ама на моментот дека "ние" сме фабрика ипол додека да ти ги земат парите имам замерка. Платив однапред и договорив лежајот да биде демонтажен т.е. тоа винклите што спајаат страници и наслон да се шрафат со шрафови со машински навој кои нели си имаат соодветна подлошка со внатрешен навој вкопана во страницата и нормално не го испоштуваа и го заштрафија со обични шрафови за дрво. Гарнитурата во црна кожа ја земав од Симпо (модел тара ) и за тие пари си вреди т.е во други салони за тие пари имаше штофани со пониска категорија на мебел штоф. За плакари и кујна само добар мајстор и немој да жалиш некоја стотка плус за добри механизми.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3502 на: 08 Април 2015, 23:10:01 pm »
Клабери, бендисав некои плочки, наводно шпански но во еден од салоните ми кажаа дека "Keros" фирмата за плочки од Шпанија има своја или слична фирма и во Бугарија и дека дел од плочките се произведени во Бугарија под шпанска лиценца. Прогуглав и да, фирмата се наоѓа во Русе - Бугарија.

Не се сеќавам во кој салон ми кажаа дека има фирма во Бугарија но плочките кои ги бендисав се во Шате Битола.
Е сега, на декларацијата си пишува потекло - Шпанија, но кој би знаел?

Може некој да каже нешто поконкретно?

Српски, турски и бугарски не ми се гледа.



Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3503 на: 08 Април 2015, 23:49:57 pm »
За потењето е повеќе индивидуално. А другите работи како издржливост,трајност па поготово одржување(мало дете,прснало,шарнало,истурило...) се на страна на кожата. Исто како и во кола.

Сале фала ти,нема потреба да се мачиш да ставаш слика. Мене ме интересира да добијам некоја хиерархија на квалитетот кој го нудат фирмите за мебел кај нас. Немам појма што-како стојат работите нит со цени нит со квалитет. На муабет сите се јаки и имаат полни усти со фалби за себе.

Најмногу ми фати око во Канапе,арно ама по цел нет неможам да најдам ништо освен реклама. Монтенегро и Пункт имаат конкретно ист модел на  гарнитура, а кај едните е околу 4-500е поскап. 

Јас кога купував прошетав доста салони, а и не само во Скопје, туку и низ македонијава. Патувам често и имав прилика и можност тоа да го направам.
Во Струмица бев во скоро сите салони, но искрено квалитетот беше далеку од оној за кој се одлучив.
Монтенегро имаат некој чудни модели а и цените им се во плафон, што искрено јас мислам дека не вредат за парите по кои се продаваат, туку на пола.
Канапе ми се фирма која почнува да се гради, имаат интересни модели, но искрено мене ми сметаат материјалите кои ги ставаат. Кожата ми делува многу тенка, може и да грешам, но страниците и ќошевите ми се бедно изолирани, а врз нив ставена кожа.
Југоекспорт нудат голем асортиман, можеш да добиеш добар попуст, но и таму ме извадија од такт. Давам 2000 евра за кожна гарнитура за на крајот од муабетот да ми речат дека позадината е од платно а не од кожа?!?!? Ако сакам и тоа од кожа, уште 500 евра. Е јеби га, не давам! Инаку зборувам за двосед и тросед! Без фотеља.
Потеклото на дел од гарнитурите ми беше сомнително, запишав имиња, фотографии, и гугл. Гледам некој работи не се совпаѓаа со кажувањето на вработените во салон, па по втора посета дознавам дека тие се наводно стари модели, па незнам се изработуваат оваму или онаму по Италијанска лиценца, и на крај се изнервирав и си отидов во Симпо.

Си одбрав тоа што сакав, си одбрав кожа, имаше и на лагер, ама јас сакав боја + тросед и двосед, а они имаа комплет со се фотеља.
Не ми се брзаше. Чекав точно 50 дена за да ја добијам. Ја платив однапред во кеш, и добив 15% попуст со што двоседот и троседот ми излегоа за 97 иљади денари. Двоседот ми е без механизам, а троседот сакав да е со механизам за некад гости ово оно ако дојдат да не се стискам. Инаку механизмот е латофлекс и некој си сунгер, наместо душек како на времето.
Една мала замерка имам на тој дел, односно нема заштитно платно за да се покрие механизмот, па полека од седење и бла бла бла се оштетува долниот дел од седиштето. Јас си ставив платно, си земав, и немам проблем со тоа.
Ова колку за инфо...

Све друго што видов беше тежок фушерај и тешка импровизација, познато за во нашава држава.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3504 на: 09 Април 2015, 00:00:41 am »
Дел од мебелот на Југоекспорт стил е од "Natuzzi" Италија. Го товараме од фирмата Natuzzi во Италија и од таму оди  за Словенија и Хрватска. За Македонија не сме товариле, можеби некој друг го вози. Можеби парчиња се возат до Словенија и Хрватска па таму се доработува за кај нас... Не би можел да кажам. Од тука и моето прашање погоре за плочките.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3505 на: 09 Април 2015, 00:03:09 am »
Куоре види ги и Брудер.
Симпо би ги избегнал од причина што рикна фабриката во Врање.

Нешто демек почна да работи пак, ама што прават, незнам. Исто така сумливи ми се и моделите додека одеа во пропаст.

Исто така види и со нашиот член Пал Зилери ако можи нешто италијанско да ти уфирли.
;)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3506 на: 09 Април 2015, 01:16:23 am »
Брудер беа труба кога ги глеав пред некои 3 години. Ама прописна труба.

Би ги препорачал FEYDOM, ама не знам дали имаат кожни гарнитури. Ја земав откај нив, жива фантазија е и за одржавање, и у поглед на отпорност на агресија од домашни миленици итн итн.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3507 на: 09 Април 2015, 09:38:34 am »
Фала ви ептен на сите.

Сале и мене ми беше сомнителна кожата на Канапе, и баш ја распрашав таа продавачката убаво за квалитетот и потеклото. Даваат 5 години гаранција и ми покажуваа некој печат како доказ за квалитетот и потеклото. Ебеш му матер нема да знаеме уште некое време до каде се. Таму ми побараа 2400е за аголна 310X240, а у Монтенегро 300x230--2100.
Реално и во Југоекспорт како да паѓаат со квалитет,бев во тој големиот салон према Ку и 80% од работите не те ни привлекуваат да ги разгледаш.
Ќе одам денес пак до кај нив ама во Струмица, ќе прошетам уште некои фирми па ќе видиме.

Osmica незнам шо и каде работи Пал, ама ако чита нека ме контактира со некоја понуда, ич не е проблем.

Vele фејдом се само штофени, немаат кожа.ж

Gabau освен замерката со штрафовите, како си задоволен од квалитетот на кожата, крцкања и такви работи?
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3508 на: 09 Април 2015, 09:46:01 am »
Другар работеше во Зона мебел. Еднаш ми донесе парче кожа 1 класа од оние огромнине јак ли како ли се викаше. Јас подебела кожа во живот немам видено. Беше сигурно 3-4 мм, додека повеќето се 1.8.

Јас на саемот во последната хала имаше една фирма, дома ми е флаерот црно-зелен им беше, не ми текнува, знам дека нудеа 5 години на конструкција и сунѓер, додека 2 години на материјал (еко кожа прашував). Тоа беше најголемата гаранција што ја чув на саемот. Ако сакате можам да ви пишам после. Дизајните им беа доста модерни, користеле инокс и дрво (не иверица)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3509 на: 09 Април 2015, 10:49:16 am »
јас мислам дека треба да се отвори нова тема за намештај-мебел...

како и да е, за мојот проблем со плочките пак да си прашам...


ај да ги прашам експертите од тука, зашто со вакво нешто до сега не сум се сретнал... значи или зидот се смалил, или плочките пораснале. згарадата е 14 години стара, јас сум на средина од зградата (сакав да кажам не сум најдоле не сум ни најгоре) и проблемов го приметив пред  3 дена... би го приметил и порано ако се десел, бидејки стварно боде очи, поготово од када кога си се гледа... значи одеднаш преку ноќ се деси.. слушав буквално како крцка нешто од купатилото и пуцкета во текот на ноќта. влегов неколку пати, ама не видов ништо, нити пак ми се погоди додека сум јас во тоалет да крцне па да видам од кај иде. немаше ништо. утрото кога влегов да се туширам го видов ова:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
доле 1

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
доле 2

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
горе (и од другата страна е исто, да не влагам сега у када)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
во чело...


се работи за носечки столб кој е излезен да биде во купатилото, а од другата страна од него ми е во дневна поточно другите 3 страни пошто е релативно масивен и голем столб. над мене има уште 5 спратови. значи на сликава е сликан во чело од купатило, лево и десно од него е обичен зид од цигла, но ова е столбот. со црвената линија е обележен он до каде е а со плавото штрафирано е проблемот... значи втори и трети ред одоздола се вака отворени и исто така втори и трети ред одозгора се вака отворени.. првите редови не, тие си стојат... апсолутно ми е нејасно што се десило.. решението го знам... ионака се спремав да мењавам купатило комплет и санитарии, нека идат и нови плочки, ама ме плаши проблемов дека ке залепам нови плочки и пак ке ми се деси на новите.. има ли некој објаснување?

бидејки летово ке го реновирам купатилото, си велам, ај до тогаш да направам нешто да стојат плочките... купив монтажен силикон, и позади плочки почнав да го вбризгувам... на долните 2 реда успеав, ам ана горните, буквално ми паднаа на глава сите плочки од двата реда:


и она што го приметив (а и на сликава се гледа) е дека лепакот е останат на зидот, а всушност плочките се одлепиле од него... ама пак не ми го објаснува тоа моментот на дуење на плочките... или зидот се смалил или плочките пораснале... како и да е, изгледа ке убрзам малку со реновирањето на тоалетот.. наместо летоска, ке мора малку побрзо да се деси тоа...  :( :(

прашањето ми беше дека сеуште не најдов логичен одговор за оваква дешавка... ги прашав и комшиите над и под мене, кај нив ништо нема...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време