Па ке ставиш тервол наместо стиропор. Ние кај мене во мојата соба, 2 ѕида надворешни и еден према вецето што е, така го направивме, тервол, врз него најлон па на крај кнауф табли и еве веке 7 години така терам во мојата соба.
И тоа рачунај, мојата кука е стара градба, правена пред земјотресот, нема столбови и надворешните ѕидови се половина метро широки и се целосно бетон, пошто мора да ја држат плочата оти кукава е на 2 спрата.
За овој најлон е дебатата меѓу Сале и Осмица. Дали да се става или не, и зошто.
Да...Куршлусот таму настана, односно во по нашки краток спој.
Јас пошто не се разбирам во градежништво, пошто сум сезнајко, им се мешам и на архитекти, и на климаџии и на парнаџии и на мајстори и на молери, и на столари, и на механичари, можда најдобро да молчам, ништо да не кажувам.
Единствено ке дадам едно свое видување...8-ца постави линкови, во линковите се пишува...Само треба фино да се прочитаат и да се протолкуваат. Значи прочитал не дочитал резултира со погрешно разбирање на целата ситуација. Па дури и за оној кој ги поставува линковите...
Најлон? Најлон е добра работа, но....
Сале многу е интересно, занимиливо и по малку иритирачки да те чита човек за твоите ставови во врска со градежништво.
Да, знам направиш спрат од куќа, браво за тебе. Да, знам дека не можеше да најдиш мајстори, па си ја правеше сам. Супер е се тоа, ама не мора да делиш совети за работи кои не ги знаеш.
Интересно е тоа што имаш слободно време и се интересираш за технологогија па сакаш да наметнуваш ставови и мислење. Нормално, затоа е форум.
Во врска со најлонот кој тебе ти е очигледно од вишак во ѕидот.
Најлонот во системот на кнауф е таму ставен за да штити од влага. Така се вика и таа му е намената...
http://www.knaufinsulation.rs/sites/rs.knaufinsulation.com/files/LDS_35.pdfАко правеше габи и собираше влага ваљда ќе се викаше поинаку.
Со дозвола за поминување на влага (вода) во ѕидот се уништува изолацијата која е ставено во системот. И затоа после некое време „експерти“ викат, сечи во ѕидот ќе видиш дека ти ја снемало изолацијата, подобро не ставај.
Викаш дека ѕидот треба да диши. Зошто? Не е човек тој па да му треба кислород. Со тоа што ставаш ти пластичен абриб, лепаци за фасада, лепак за стиропор... ти веќе си го убил дишењето на ѕидот. Ако сакаш да „диши“ ѕидот тогаш направи си вентилирана фасада. Не дека таа диши, него подобро ќе спиеш ваљда на вечер.
Незнам јас кој стандард си го читал за градби, ама јас тие што ги имам читано викаат дека секој објект треба да има канал за вентилација. Значи не зборуваме ние тука за хотели со 150 соби, туку за обично куќарче.
Значи канал за вентилација се поставува во поголемите соби исто така во капатилото и во кујната.
Да не почнам да зборувам за системи на фасадни ѕидови кои се купуваат од фабрика по димензии. Тие во Германија, тука кај нас, додека има тула, кефој сме сите.
Тие системи верувај, НЕ дишат.
Интересни ти се муабетети за колку вода изглегува од 1 човек и колку е тоа во една соба од едно четири члено семејство во текот на денот.
Јас не ги знам тие информации, па да речиме дека ти верувам.
Е сега имам јас неколку прашања.
1. Колку од таа вода се суши во просторот? Колкава треба да е собата за да не дишат загаден воздух луѓето.
2. Колку од таа вода оди во: мебелот, килимот, алиштата и се она што апсорбира вода (влага)?
3. Колку од таа вода исчезнува заради греењето во зима и заради топлиот воздух во лето (ако има има лето влага, дека не сум истражувал не знам)?
Имам и други прашања до твојата експертиза:
Во мојот стан во Битола пред 4-5 години ставивме нови ПВЦ прозори. После монтирањето во една од собите почна да се прави мувла во ќошевите.
Зошто тоа е така? Најлон не ставивме, не ни имавме тогаш најлон во нас.
Зошто ми се појави влага?
И зошто само во таа соба? Зошто не во цел стан ?
Иначе за твоја информација, таа соба помалку се користи и е помалку проветрена.
п.с. Ста
Мбено не се пишува со М.