Јас повторно да се пофалам со изолацијата.
Приземје, цца 50 квадрати: кујна, купатило и две соби. ЕДНА панелка од 2000 W во кујната. Teмпература 23 степени во кујната, 20 степени во купатилото и двете соби (вратите се отворени, освен купатилото кое разменува воздух со влези-излези.
Спрат, цца 50 квадрати: салон и спална соба. Една клима инвертер во салонот. Температура 27 степени.
Да потенцирам дека и двата уреди работат на екстремно слаба струја: напонот варира меѓу 130 и 160 волти. Ниту климата ниту панелката греат онолку колку што можат на прописна струја.
После 2 дена греење со горенаведените грејни тела - слободно шетање по гаќи/маичка низ цела куќа. Децата штрапкаат боси.
Од време на време горе отвараме да се смени воздухот бидејќи ни е претопло!
Јас сум среќна коцка!
Сите кои мачите мака со греењето, не можам да потенцирам доволно: не штедете на изолација! Резултатите се ден и ноќ.