Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1476153 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2325 на: 23 Декември 2013, 22:45:21 pm »
Кај стара рампа, има еден дуќан што продава бои и лакови и вакви парчиња гума па да си скроиш, а иначе добра идеја е од онаа на мотоцентар фабриката што е за протектирање гуми да ти дадат парченце.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2326 на: 24 Декември 2013, 00:13:54 am »
Па ке ставиш тервол наместо стиропор. Ние кај мене во мојата соба, 2 ѕида надворешни и еден према вецето што е, така го направивме, тервол, врз него најлон па на крај кнауф табли и еве веке 7 години така терам во мојата соба.
И тоа рачунај, мојата кука е стара градба, правена пред земјотресот, нема столбови и надворешните ѕидови се половина метро широки и се целосно бетон, пошто мора да ја држат плочата оти кукава е на 2 спрата.
За овој најлон е дебатата меѓу Сале и Осмица. Дали да се става или не, и зошто.

Да...Куршлусот таму настана, односно во по нашки краток спој.
Јас пошто не се разбирам во градежништво, пошто сум сезнајко, им се мешам и на архитекти, и на климаџии и на парнаџии и на мајстори и на молери, и на столари, и на механичари, можда најдобро да молчам, ништо да не кажувам.

Единствено ке дадам едно свое видување...8-ца постави линкови, во линковите се пишува...Само треба фино да се прочитаат и да се протолкуваат. Значи прочитал не дочитал резултира со погрешно разбирање на целата ситуација. Па дури и за оној кој ги поставува линковите...

Најлон? Најлон е добра работа, но....

Сале многу е интересно, занимиливо и по малку иритирачки да те чита човек за твоите ставови во врска со градежништво.
Да, знам направиш спрат од куќа, браво за тебе. Да, знам дека не можеше да најдиш мајстори, па си ја правеше сам. Супер е се тоа, ама не мора да делиш совети за работи кои не ги знаеш.

Интересно е тоа што имаш слободно време и се интересираш за технологогија па сакаш да наметнуваш ставови и мислење. Нормално, затоа е форум.

Во врска со најлонот кој тебе ти е очигледно од вишак во ѕидот.
Најлонот во системот на кнауф е таму ставен за да штити од влага. Така се вика и таа му е намената...

http://www.knaufinsulation.rs/sites/rs.knaufinsulation.com/files/LDS_35.pdf

Ако правеше габи и собираше влага ваљда ќе се викаше поинаку.

Со дозвола за поминување на влага (вода) во ѕидот се уништува изолацијата која е ставено во системот. И затоа после некое време „експерти“ викат, сечи во ѕидот ќе видиш дека ти ја снемало изолацијата, подобро не ставај.

Викаш дека ѕидот треба да диши. Зошто? Не е човек тој па да му треба кислород. Со тоа што ставаш ти пластичен абриб, лепаци за фасада, лепак за стиропор... ти веќе си го убил дишењето на ѕидот. Ако сакаш да „диши“ ѕидот тогаш направи си вентилирана фасада. Не дека таа диши, него подобро ќе спиеш ваљда на вечер.

Незнам јас кој стандард си го читал за градби, ама јас тие што ги имам читано викаат дека секој објект треба да има канал за вентилација. Значи не зборуваме ние тука за хотели со 150 соби, туку за обично куќарче.
Значи канал за вентилација се поставува во поголемите соби исто така во капатилото и во кујната.

Да не почнам да зборувам за системи на фасадни ѕидови кои се купуваат од фабрика по димензии. Тие во Германија, тука кај нас, додека има тула, кефој сме сите.
Тие системи верувај, НЕ дишат.

Интересни ти се муабетети за колку вода изглегува од 1 човек и колку е тоа во една соба од едно четири члено семејство во текот на денот.
Јас не ги знам тие информации, па да речиме дека ти верувам.
Е сега имам јас неколку прашања.

1. Колку од таа вода се суши во просторот? Колкава треба да е собата за да не дишат загаден воздух луѓето.
2. Колку од таа вода оди во: мебелот, килимот, алиштата  и се она што апсорбира вода (влага)?
3. Колку од таа вода исчезнува заради греењето во зима и заради топлиот воздух во лето (ако има има лето влага, дека не сум истражувал не знам)?

Имам и други прашања до твојата експертиза:

Во мојот стан во Битола пред 4-5 години ставивме нови ПВЦ прозори. После монтирањето во една од собите почна да се прави мувла во ќошевите.
Зошто тоа е така? Најлон не ставивме, не ни имавме тогаш најлон во нас.

Зошто ми се појави влага?
И зошто само во таа соба? Зошто не во цел стан ?

Иначе за твоја информација, таа соба помалку се користи и е помалку проветрена.

п.с. СтаМбено не се пишува со М.

 :-*

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2327 на: 24 Декември 2013, 01:54:01 am »
Кај стара рампа, има еден дуќан што продава бои и лакови и вакви парчиња гума па да си скроиш, а иначе добра идеја е од онаа на мотоцентар фабриката што е за протектирање гуми да ти дадат парченце.

Фала наинфо...Знам за дуќанчето, но ми требаа наменски гумички, а прво на памет ми паднаа оригинални од клима. :)
Инаку имам гумено црево фи 25 одприлике, ама некако крутичко ми се гледаше. Затоа побарав помош од пријател, а @onak знам дека ги работи тие работи и 99% знаев дека му се вртка нешто такво.
Оваа прилика ја користам огромно да му се заблагодарам што ми донесе 4 комада гумици и тоа до врата, па му должам пијачка или што год.

Сале многу е интересно, занимиливо и по малку иритирачки да те чита човек за твоите ставови во врска со градежништво.
Да, знам направиш спрат од куќа, браво за тебе. Да, знам дека не можеше да најдиш мајстори, па си ја правеше сам. Супер е се тоа, ама не мора да делиш совети за работи кои не ги знаеш.

Интересно е тоа што имаш слободно време и се интересираш за технологогија па сакаш да наметнуваш ставови и мислење. Нормално, затоа е форум.

:)
Моите ставови се мои и лични. Неколку пати нагласив дека никој не мора да ги прифати ако не сака. Ако сите мислевме исто, сите ке бевме идентични, ке возевме исти коли, ке одевме исто облечени итн итн.
Друго: Совети не делам никому, само како што кажав споделувам мои лични гледишта.
Трето: Мајстори има колку сакаш, но, или се самопрогласени или се преценети. 90% од нив не ја знаат а и не ја разбираат работата. Извини но јас не сум доволно богат па да се расфрлам со пари, а и некому да дозволам да се учи кај мене или да ми глуми професионалец, а како мајстор доаѓа и не си носи метро.
Рака на срце, постојат и такви кои вредат, но тие се ретки, па не сум имал среќа да налетам баш на такви какви што ми треба. Досега имав искуство позитивно со неколку, а за другите не би сакал да коментирам.
Четврто: Слободно време имам многу малку, а го користам и го трошам баш за она што во моментот ми е актуелно и ме интересира. Ако нешто знам, несебично го споделувам со некој што му треба помош. Ако незнам, прашувам или читам.
Денес луѓето станаа алчни за пари, па почнаа и совети да наплатуваат. Затоа постојат книги, они барем не наплаќаат, но ти одземаат од слободното време ;) Нормално постои и интернет, но на интернес секоја будала може да напише што сака, па така да информациите пронајдени на нет ми се 5-% веродостојни.
Книга од автори ми е проверена работа.

И на крај, форумот е место каде што сите ние треба да си помагаме, да се сакаме, да се цениме и почитуваме. Глава намена му е размена на информации, искуства и сугестии.
:)

А за најлонот, бог да го прости дедоми највеќе го користеше за покривање на расад и правење на тумбази.

р.ѕ. (ко)Лектор ;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2328 на: 24 Декември 2013, 07:30:48 am »
Искрено, и јас не го разбирам ова со „дишењето“ на ѕидовите. Што значи тоа? Дека има размена на гасови? Дека ако прднам унутра ќе замириса надвор?

Разбирам да „дишат“ дрвени прозори и врати по рабовите итн... ама ѕидови? Најобичен варосан ѕид би требало да е речиси херметичка бариера за гасови. Оно може да прима влага по пат на осмоза и/или капиларни сили, но директно да се разменуваат флуиди со надворешноста? Шознам.

Aко ѕидовите пропуштаа воздух тогаш произведувачите на пвц прозори немаше да советуваат редовно проветрување за да не се кондензира влага унутра.

"no water vapor or air can get through the wall"

http://www.greenbuildingadvisor.com/blogs/dept/musings/walls-need-breathe-and-9-other-green-building-myths

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2329 на: 24 Декември 2013, 07:36:09 am »
Веројатно дека се работи за минимална влага која ја впиваат ѕидовите и истата се пренесува према надвор. Сетоа тоа е невидливо освен во случајеви на зголемена влага. При користење на материјали наведени во горните постови тој проток се спречува и доаѓа до кондензација, мувла, печурки..

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2330 на: 24 Декември 2013, 10:20:17 am »
Веројатно дека се работи за минимална влага која ја впиваат ѕидовите и истата се пренесува према надвор. Сетоа тоа е невидливо освен во случајеви на зголемена влага. При користење на материјали наведени во горните постови тој проток се спречува и доаѓа до кондензација, мувла, печурки..

НЕ. туку се работи за зголемување на површината на зидот... да објаснам:

доколку имаш, рамен мазен зид без пори тогаш тоа е тоа со зидот и таа му е површината. доколку имаш зид со многу ситни пори како човечката кожа, тогаш фактички површината на последниот слој од зидот е утростручена, секако тоа се гледа со лупа а не со голо око, а тоа подразбира побрзо сушење на материјалот и на самиот зид, бидејки на зголемена површина побрзо е испарувањето. во кругот на молерџии, зидари и остали тесари, немајки соодветен збор за ова, го имаат наречено дишење на зидот, бидејки таков зид точно подсека на човечка кожа со пори кои служат за дишење на кожата без огледшто и тоа не е правилно кажани и за кожата.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2331 на: 24 Декември 2013, 12:48:04 pm »
фала на објаснувањето, сега е појасно!

она „дишење“ е малку збунувачки (иако легитимно!) затоа што мене прва асоцијација ми е размена на гасови. Но, ако се сфати како капацитет на ѕидот да прими (но не и пропушти!) флуиди, тогаш има смисла.

фала уште еднаш

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2332 на: 24 Декември 2013, 19:39:13 pm »
капацитет на ѕидот да прими (но не и пропушти!)

Која е логиката да не пропушти?
Соба за живеење не е базен. Стварно не сте ми јасни...
И незнам еден кој има ВРФ или каналски систем на вентилација у соба за дневен престој или спална соба освен ако тоа не е некој хотел, ако не е некоја канцеларија итн итн за да се обезбеди доволно проветрување и размена на свеж воздух за да нема кондензација?
Како сакате така правете и терајте. Што сте замислиле тоа да си направите ;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2333 на: 24 Декември 2013, 20:17:10 pm »
Ne e tolku "propustanje" kolku sto e "vpivanje".

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2334 на: 24 Декември 2013, 20:25:48 pm »
Еве да дадам мал придонес за темава. Кој не го мрзи да прочита, нека ја симне книгава: Tomislav Toth - Stedljivije Grijanje. Добра основа за сите кои не знаат, и потсетник за оние кои заборавиле.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2335 на: 24 Декември 2013, 21:58:51 pm »
капацитет на ѕидот да прими (но не и пропушти!)

Која е логиката да не пропушти?
Соба за живеење не е базен. Стварно не сте ми јасни...
И незнам еден кој има ВРФ или каналски систем на вентилација у соба за дневен престој или спална соба освен ако тоа не е некој хотел, ако не е некоја канцеларија итн итн за да се обезбеди доволно проветрување и размена на свеж воздух за да нема кондензација?
Како сакате така правете и терајте. Што сте замислиле тоа да си направите ;)


Ако пропушти ѕидот си иба мамата.
Ќе искористам една твоја фора:
Ако пропушти кондомот............... ојде јабана.
;D ;D

Така да ако не сакате да ви бидат „трудни“ ѕидовите, користе те си соодветна технологија.

Иначе уште не ми одговори на прашањата од погоре.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2336 на: 24 Декември 2013, 22:06:32 pm »
Дишењето според мене кога сум слушнал, абе глупости.
Кога почнав да работам кај мене да ставам изолација на едно место имаше дупка 10цм на 10х20цм отвор каде требаше да биде исполенето со изолација.
Ставам раката да потполнам со изолација долижувајќи се до sидот осетив ладен воздух "дишење" на еден начин како во фрижидер да ја ставаш постепено само што имаше некое мало струење на воздух.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2337 на: 24 Декември 2013, 22:40:33 pm »
Ако пропушти кондомот............... ојде јабана.
;D ;D

Така да ако не сакате да ви бидат „трудни“ ѕидовите, користе те си соодветна технологија.

Иначе уште не ми одговори на прашањата од погоре.

Ako сакаш да живееш во кондом, слободно живеј...Ја не ти се мешам.
А одговорите на прашањата ке ги добиеш, ама треба да платиш ;)
Стручно советување чини, па ако си спремен да платиш, повели, дојди, ке ти одговорам се по ред :*
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2338 на: 24 Декември 2013, 23:39:59 pm »
Еве да дадам мал придонес за темава. Кој не го мрзи да прочита, нека ја симне книгава: Tomislav Toth - Stedljivije Grijanje. Добра основа за сите кои не знаат, и потсетник за оние кои заборавиле.

Пушти линк за симнување.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2339 на: 25 Декември 2013, 00:11:04 am »
Значи и десен клик, пребарај е тешко да се направи....
http://www.4shared.com/office/sspjgeX9/tedljivije_grijanje.html