Јас мислам дека ќе се згреат сигурно. Јачината на грејното тело не е лимитирачкиот фактор, печката од 5KW не работи постојано туку повремено се полни. Конвекторот од 2.5KW ќе работи повеќе, и ќе постигне. Освен ако е тоооолку голем просторот па да неможе да постигне, што ретко е случај.
Ефикасноста на печката лежи во друга работа, таа е грејно тело кое зрачи топлина и згора на тоа може да го струи воздухот за да одржи повисока температура. Друга работа е што се полни во текот на ноќта. Трета работа е што може да се седи/лежи врз неа. За мене ова е можеби најважната работа зошто поубаво чувство од топлина во коски од термо печка нема. Тоа е и психолошки ефект, кој фигурира како заштедна мерка - кога ти е ладно си седнуваш на печката наместо да ја појачаш.
Сепак за најлошо грејно тело си останува калориферот и кварцната печка далеку на врвот. И по незагреаност, и по екстремни струјни трошкови.