Само што кога ќе паднат температурите длабоко под нула климата неможеш да ја употребуваш. За тајфунот нема пречки, го палиш, вариш кафе, за 5 минути бања.
Можеш, ако е Фујитсу, Хитачи, Тошиба, Митсубиши ... (редоследот е ирелевантен, изоставените нека не замеруваат)
Важно е по татко и мајка да се од Јапонија.
Длабоко под нулата потешко ќе загрева, ама на тие температури потешко е загревањето и со сите останати методи.
Важно е да има паметна електроника и сензори за „дефрост“ процесот секогаш да го топи мразот од испарувачот..
За под -20 Ц сите имаме по некој радијатор на струја, панел или калорифер ама последниве години немало потреба.
Јас веќе години сум само на клими. Имав термо како бекап и стоеше последниве 5-6 години невклучена. Пролетва ја демонтирав зашто освен како сталажа за цвеќе, друга улога немаше, освен што ме потсетување на старите добри времиња кога си лежев врз неа и низ прозор гледав во снегот што паѓа.