Направив некои пресметки на брзина од податоци за калориска вредност на горива и приближни цени на горивата.
Целта е да имаме слика колкава е реалната цена во пари по киловат.
Ако увидите пропусти или грешки слободно корегирајте ме.
Според табелата во прилогот калориската вредност е:
Огревно дрво ( природно сушено ) : 1400-2000 kWh/m3
Ако ефективната предадената енергија е 60%, тогаш 840-1200 kWh/m3 или средно 1020 kWh/m3
Ако 1м3 е 2400 ден, тогаш 2400/1020 = 2,35 ден/kWh
Плин : 12,9 kWh/kg (! овде нешто ми е сомнително, исправете ме ако имате поточни податоци)
Ефективноста не е земена во предвид, немам податок ама треба да е повисока отколку при греење со дрва.
Ако 1 кг е 48 ден, тогаш 48/12,9 = 3,72 ден/kWh
Елетрична енергија за домаќинства е ~ 3,2 / 6,4 ден./kWh (Н/В тарифа со преметан ДДВ и 33% за преземена моќност)
Дополнето: најоптимален начин за греење според мене
Топлинска пумпа (клима) - Современите уреди имаат СОР > 4, што значи дека со 1 kW струја „пумпаат“ и преку 4 kW топлина.
Тогаш 1 kW произведена топлина чини (за скапа тарифа) 6,4 ден / 4 = 1.6 ден / kW
Нема пепел, резервоари, плаќање на енергенс однапред во готово, комплексна инсталација, чистење саѓи, тешкотии во одржување на зададената температура особено во преоден период, загуби во трансформација на енергија и загуби „низ оџак“...
[датотека избришана од администраторот]