Јас ќе се обидам да придонесам, од лично искуство.
ПВЦ прозори (за нова куќа незнам ни дали имаш друг избор) или дрвени ама пак со исто стакло ќе бидат - ќе имаш поприлична заштеда. Неможе точно да се одреди зошто зависи од самиот објект.
Изолација на фасадата од 5цм стиропор ти е втор напад. И тоа ќе придонесе за големи заштеди.
Кровна изолација е трет напад. Зависи што кров ќе ставаш, ама тој мора да се изолира поприлично ако не сакаш да имаш големи загуби.
При изградба на нова куќа прозорите и така и така ги ставаш, значи не е некој трошок. Кровот и така ќе го правиш, само треба уште 1000еур грубо за изолација на него да се даде +500 ако сакаш да одиш на повисока економија. Фасадна изолација е најскапото ~3-5000еур грубо. Како најскап чекор за изолирање.
Во некое просечно домаќинство би требало да се постигне под 15к месечно во најладните денови без проблем, за греење на струја.
Зависи и како грееш, некој живеат во 20ц степени, некои во 25ц. Не е исто, ама еве некој просек да најдеме.
Друго ти е распределба на грејни тела. Дали се радијатори, дали е подно, дали е панел... Значи подно ќе даде најдобра распределба на топлината, во долниот дел на собата кај што се седи. Плус тоа е нискотемпературно греење кое може да го погонуваат различни котли.
За самото греење, може да се користат котел на струја, како најчесто решение. Па имаш топлински пумпи на пример, имаш геотермално греење кое е ист принцип имаш клими. Ако успееш да го врзеш подното со геотермално е најдобро дефинитивно, ама е скапо за наши услови. Па затоа јас би одел на топлинска пумпа. Тоа го планирам за кај мене во иднина.
Значи резултатот кон кој јас целам е:
1. Подно за дневна, кујна, трпезарија, ходник.
2. Поголема клима за дневна, кујна, трпезарија, ходник.
3. Радијатори во собите, пешкирача во WC.
4. Два помошни панели од 2KW за најладните денови кога е потребно засилување.
Моментално се користи електричен котел од 24KW, имаше и котел на нафта, ама поскапе нафтата над секоја логика и тој се продаде. Следен чекор е врзување на топлинска пумпа - здравје боже во иднина. Додека ја нема таа пумпа, глевни грејни тела ќе бидат климите како најефикасни тела, а нив ќе ги надополнува котелот на струја. Панел од 2KW е ставен за помош во една најладна соба, за најладните денови.