германецот не се замара со изработка на казанчиња, туку зема делови од кинезот и склопува за да имаат ЕУР документ производите, ама да останеме на темава. И Wilo прави во Бугарија, Grundfos во Србија, ама се брендови и сите ги купуваат
Grohe имаме местено и траат со години, друг е принципот на работа внатре, Ideal Standard имаа 1 годишно по една ситна интервенција - заглавуваа ради каменец.
Моноблокот ако си мајстор и го залепиш до ѕид нема што да го бришеш позади, и не знам колку често бришете казанчиња, што е толку страшно. Ако имаш уградбено, покани го членот да смените пловак заедно и да види која е маката, ко гинеколог на слепо да работиш.
А за цената споредбата е јасна, моноблок се наоѓа за 100 еур солиден, а кажи им ги ти цените за уградбено казанче, конзолна шоља и капак, од најевтин производител
Шоља е за вршење нужда,а не за мода и изглед. За некој деловен објект или хотел разбирам да стават уградбени, ради имиџ итн, ама за дома, златен моноблок и немаш мака