Бидејќи на форумов има покадарни за оваа работа од мене, се обраќам за совет:
Треба да инсталирам 600м-800м пластични (PVC) пок канали на бетонски таван (висина 3.45м , кај носечки стуб 3.00 м). А да, ми треба и препорака за скала и од кај да ја зеам, постоечката е шит. Гледав некои германски скали во Акустик - Маџари, не се сеќавам какви во Елетктроелемент а Alpos словенските ги знам од времето и тие што ги имам уште ме служат - не се секаќавам во која продавница ги гледав.
Прв избор нормално е со ударна бушилица ака хилта, имам и голема за рушење ѕидови и мала која ја купив специјално за оваа намена - Dewalt D25012K). Но овој систем на работа ќе одзема доста време.
За работата да оди побрзо и полесно ги разгледувам пиштолите за пукање на клинци во бетон:
1. Makita GN420CSE работи на 7.2V батерија и на гасна каписла (трае ~1000 шајки) , цена околу 1000 евра
2. Makita AN250HC цена околу 800 евра + морам да купувам копресор кој може да постигне најмалку 12 бари.
Кога зборев во продавница продавачите ми рекоа дека најверојатно поради високиот притисок со кој клинците се пукаат т.е. коваат (наменети се најчесто за заковуваат дрво во бетон) ќе ги пукнат пок каналите бидејќи се пластични. Деновиве треба да имам демонстрација на некоја од горенаведените машини на лице место.
Ваше мислење/искуство/предлог/решение?
Бидејќи конечно најдов решение мислам дека е ок да го споделам:
За скалата:
Купено е подвижно алуминиумско скеле Krause ProTec XS модел 920126 од Баукит, одлична изработка и лесна инсталација/манипулација.
За прицврстувањето на каналите во бетон:
Од Макита требаше да ни направат презентација на еден од моделите но не ја направија.
Makweld продаваат антички модел на пиштол за пукање на клинци во бетон - Spit Pulsa 700E, кој работи на батерии и боцичка гас која е доволна за 700 испукувања. Боцичката гас оди само со кутија клинци и истата не може да се купи посебно ако за тоа искочи потреба. Моделот 700Е е discontinued со години btw и постои понов модел - 800.
На крај завршив со
Hilti BX 3-L - воопшто не користи гас, само батерија (22V) која затега двa федери со тензија од 400 кг во пиштолот. Цената на машината е преку 1000 евра, во зависност од тоа со каква комбинација на батерии, полнач и клинци ќе се земе.
Шајките ги кова (пука) одлично во бетон (коштаат околу 10 ден/комад), а за да ги држи каналите користам и
вакви држачи. Пластичните држачи пред пукање се ставаат на главата, се прицврстува на местото за пукање и се пука. Шајки се купуваат со различна должина и намена (пукање во мек бетон, тврд бетон, железо и сл.).
Се препорачува батеријата да се наполни веднаш штом се заврши дента со работа, така се оддржувал животниот век на батеријата.
Hilti инаку немаат класични продажни канали како другите производители - да можат да се најдат по Хубо, Меркур и сл. туку се продаваат исклучиво во Hilti продавниците т.е. директна продажба.
Овој начин на инсталација на пластични канали за кабли е многу побрз од досегашниот - бушење на дупка во канал и таван со мала хилта па ставање на штраф со типла и штрафење на истиот со штрафилица - денес во рок од 75 мин беа инсталирани 42м пластични канали, нешто што со претходниот метод ќе траеше мин. 4 саати ако не и повеќе.