Во станот каде што живеев лани имаше блиндир врата со два клучеви. Во станот извесно време никој не живееше и во тој период 3 пати бил обиен, то ест влегле арамии, ама скоро ништо не зеле, затоа што гарнитури, маси, кујна не му фаќал планот да крадат... изгледа се излажале по скапата врата, дека ќе најдат пари, накит.
Кое разочарување

Приказната за обивањето ја дознав на заминување, инаку не верувам дека ќе се вселев таму.
Да се помочам во вратата и бравите за заклучвање штом 3 пати ја обиле.
Инаку аларм си имаше ставено газдарицата, поврзан со обезбедување (голема работа што е поврзан со обезбедување, јас го активирав намерно еднаш, никој не реагираше од обезбедувањето, ни физички се појаве некој ниту пак ми се јавија на теелфон, иако се плаќаше на месечно ниво) и откако е ставен алармот и беше на вратата нагласено дека има аларм, никој не провале. Секако ни во периодот од една година во кој живеев јас (за среќа, ќе ми го украдеа лаптопо), а во меѓувреме се случе грабеж во стан два спрата над мене, со „блиндир“ врата.
Аларм мислам дека е сосема ок решение, не скапо, ако не друго барем ќе се распишти при неовластено движење и можи да ги избрка арамиите.
Интересен момент, кога јас го распиштив алармот, отворена вратата, низ ходник во цела зграда сум сигурен се слушаше. Никој не слушнав да отвори врата, да ѕирни, или некое било какво дејствие. Се плаши народот бе, или пак можеби дека старци беа во зградата, наглуви сите
