Мислата ми беше за комбинација камена волна под лим. Ако на лимот се кондезира вода (што се дешава наутро на сите метални и други површини кога има роса), тогаш влагата иде во камената волна и таа со тек ќе се деформира и ќе се смолкне надолу.
Не ми се допаѓа концептот со стиропор под лим (кој ќе се загрева на сонце, дури и со „кул“ боја). Искача стиропор е повеќе за класични термофасади, со завршен слој од акрилен абриб.
A зa конструкција на зидовите што би предложил, класична „цигла“ изведба, западњачкото drywall, или нешто трето?
За кои ѕидови?
Фасадни или внатрешни?
Фасадни.
Општо е прашањето, ме интересира твоето мислење.
Фасадни - термо блок. Некој со повеќе полиња во него, не оние класичните со 4.
Има некој хрватски убави со жлебови, ѕидарија ептен добро испаѓа. Со посебни елементи за на аглите, за да нема дупки итн..
Иначе мин 20см блок за фасада или ако можите 25см.
Внатрешни - гипс картон. Само со посебни типови за различни намени. Не онај најобичен табла, профил, табла.
И нормалн кнауф да биди се. Од табли до профили до штрафчиња.