Van
Не сум знаел дека биле токсични, сега читав исто така медиапанот и иверицата биле.
Има спецификации за егерот, лепаци ова она забележав ама не обрнав внимание... кога не знам што да гледам 
Абе тоа што се во одредени услови токсични не значи дека не може да се искористат на правилен начин. Само не се за да ги оставиш незаштитени. Значи ако се некако изолирани од внатрешната страна, би рекол дека се релативно безбедни.
Единствено мислам дека можеш да се распрашаш и за шпер плоча, тие поевтините и градежните шпер плочи би требало да се поевтини. Шпер плочата исто е со лепак лепена, ама таму се поголеми и пошироки парчиња кои се како слоеви лепени еден врз друг. Значи предноста би била дека има помалку лепак во нив, и ако некако се навлажни многу побрзо со суши потоа... за разлика од ОСБ или иверка или медијапан.
Од аспект на токсичноста, медијапанот е иначе многу посигурен. Не за друго туку пошто често е целиот залиен во неков украсен и заштитен слој/обвивка.
Иверката е ужас. Зависи со што е правен лепакот пошто има два вида на формалдехид што се употребува за правење на лепаци за оваа намена. Jaс се имам многу заебано со иверка за плакари... еве после 8 години сеуште иверката смрди, алиштата смрдат корнат на хемија ако поседат повеќе од недела дена внатре.
Сега се мислам што да правам за нови плакари во доградбата, на пет места прашувам и сите велат нема галје, демек „гарантираат„ дека не испуштала мирис нивната иверка. Само што истото ми го кажуваа сите пред 8години и испадна дека не е така. Купи и после ако имаш живци и време за трошење, иди расправај се.
Затоа сега сакам да правам вградени плакари, ама не од иверка. Се мислам од што материјал... размислував на пластифициран лим за сталажите, ама ми е страв зимно време да не кондензира влага на металот.
Ете ти, од материјали за плафон до плакари дојдовме...
