Изолација е очигледниот избор, но мора да се внимава да се опфатат сите делови кои би можеле да бидат со ладни ѕидови. Ако се се стори тоа пак ќе се јави влага на оние делови каде ѕидот ќе е ладен.
Toчка на кондензација
http://en.wikipedia.org/wiki/Dew_pointКалкулатор на точка на кондензација
http://www.dpcalc.org/Ако ги нагодиш параметрите ќе увидиш дека за соба со температура од 24 степени целзиусови, што јас го земав како пример, и влажност од 70% што јас го земав како пример, точката на кондензација е 18 степени целзиусови. Тоа значи дека било кој предмет кој е под таа точка на кондензација (под 18 степени) во тие услови ќе има влага на него. Односно влагата од воздухот ќе се кондензира на него.
Решенијата се следните:
1. Професионална консултација со соодветни лица кои би гарантирале решение.
2. Намалување на влагата во просторијата, со одвлажнувач, не готвење, не сушење алишта и слично. Релативно тешко.
3. Намалување на температурата на воздухот во просторијата. Изводливо, но квалитетот на животот би опаднал во таа просторија.
4. Изолирање на ладните елементи со надворешна изолација на ѕидовите. Најскапо решение, но и најдобро (како и секогаш)
5. Локално третирање на внатрешните ѕидови со изолација. Поефтино решение, со помала ефикасност.
6. Локално третирање на мувлата со средства и препарати. (најлошо решение, најчесто привремено додека се одреди кое трајно решение ќе се преземе)
П.С: Ти го спомна чрешение 5, ставање на изолација и гипскартон врз неа.