Да така е, се е „хемија„ на овој или оној начин. Но лакот вообичаено не смрди со години после лакирањето. Кај мене, еве иверката не да смрди -КОРНЕ... и тоа после 8+ години.
А бе не зезајте, какво масивно дрво, поготово кај нас...
Иверка ке си земете Wodego, 18мм од Солопром, одлична е. Еднаш направив од 16-ка еден плакар, и полиците почнаа да се криват! И тоа Кроношпан иверка. Којзнае што е тоа.
И не мириса. Обично иверките со сомнителен квалитет мирисаат.
Треба да проверам, ама мислам дека баш од Солопром зема иверка татко ми (за спомнатите шкафови). Не знам дали Wodego или друг бренд.
Муабетов ми е, и тие различна роба носат во различни пратки. Треба човек да има среќа и да му се „погоди„ иверката. Пошто немаме стандарди за регулирање на безбедност за ова, значи и трговците немаат потреба од пазење што увезуваат.
Затоа сакам да избегнам иверка, а ако можам и медијапан. Само како што кажав, дрво изгледа ќе биде прескапо. На крајот некоја пластика ќе треба да барам (само не лесонит, ужас е за внатре, заебан извор е на BPA (бис-фенол А)).