A поарно е да се живее во дивоградба? Која смее кој сака да ја сруши ако му се присака, според законот? Или најубаво е да се живее и да не се плаќа данок?
Не ме свати.
Зборот ми беше: Си имал куќа од 50 квадрата и си живеел ок и си плаќал за неа.
Сега имаш легализација на дивоградбата.
Дивоградба немаш. Си викаш дека за само 1 евро по квадрат ке легализираш уште 70 и ке добиеш 120.
Но немаш 70 квадрата. Зимаш кредит од 2000 евра, и правиш нешто налик магацин. Одиш и го пријавуваш како дивоградба. Што си заштедил:
1. Проект - за 70 квадрати е околу 700 евра квалитетен проект.
2. Комуналии - 70 квадрати по 100 евра квадрат (зависно од општина, кај мене во влае е толку) = 7000 евра.
3. Приклучок за струја и енергетска согласност (незнам цена)
4. Приклучок за вода (незнам цена)
5. Градење со фирма која има лиценца - обично е околу 60 до 100 евра само за работна рака, односно 250 до ххх евра за квадрат - клуч на рака. значи околу 4500 евра само мајстори за градење на објектот или ајде ке одиме на најефтината варијанта односно 17500 евра.
Со еден збор тој што немал 70 квадрати место за живеење, а имал плац, ке му требаат одприлике 26000 евра за да изгради се по пропис.
Но овака повторно нема 70 квадрати за живеење затоа што направил привремен објект од веројатно метална конструкција колку да стои, покриена со лимени табли со привидни зидови од гипс, без изолација и без канализација, струја и вода.
Витно да пријави објект и да го легализира за 70 евра + еден куп административни работи.
Со тек на времето ке смета дека ке го направи привидниот објект и ке го оспособи за живеење...
И прво ке ја оптерети електричната инсталација, водоводната инсталација и нормално канализацијата. Објектот ке нема никаков проект, никаква статика, никаква сигурност, а да не зборувам за квалитетот на изработката.
Понатака мислам дека се ке биде сувишно да набројувам и раскажувам.
Единствено тука од се ова државата ке има ќар бидејќи наместо за 50 квадрати, на лакомиот ум ке му зима данок за 120. Нормално за тие 70 парите ке се даваат за џабе.

Уствари кој знае. За 5 до 10 години можеби ке направи стан и во тие 70 квадрата.
