Како у Германија или во Швајцарија е обратно?
Таму спротивното се случува, повеќето ќе се јават во полиција ако видат проблем од видот на криминал или прекршување на правилата и законите.
Се разбира дека ова е психолошка појава, но прашањето е зошто овде граѓанските обврски се разбираат како нешто што треба да се избегне и забуши.
Одговорот на ова се гледа во разликите помеѓу нашата држава и државите во Германија и Швајцарија: најголемите разлики се во нивото на функционирање на самите држави. Тоа е директно поврзано спроведувањето на законите, и преку тоа со граѓанската свест.
Со други зборови, лабава несовесна држава = лабаво несовесно граѓанство. Кршење на законите на секој чекор, и минимално селективно казнување на тие прекршоци. Со тоа всушност се промовира непочитување на законите и редот.