Ќе легнев в затвор за малку од денес натаму.
Пред некој ден читав по веснициве и порталиве дека на маливе нова забава им било истрчување пред кола во движење, нешто као предизвик, кој сака да се покаже пред друштво.
Околу пладне, возам од Зоолошка право кон Капиштец по Рузвелтова. Се отвора семафор, тргнувам јас, колона од обратен правец (Рузвелтова кон Илинденска - лево) и првиот возач со Ибица, процени дека ќе помине, некои девојчиња на семафор, во правец од Орце кон Центар, се шуткаа, па се вратија на тротоар, и тој, сепак, реши да ми ја испочитува предноста.
Само што го одминав, еден glimpse кон чоеков, пред кола, речиси на средина едно од девојчињата на нивно црвено.... Не бев брз, закочив, девојчето се врати на тротоар (повторно) и се пукна од смеење со другарките.
Игра ли е да загинеш под тркала, да му се сневиди?