Во врска со ова што зборите. Пред пола година се запали тераса на комшии и пред зграда се собраа 50тина луге можеби и повеќе и сите гледаат и сликаа. И викам на мајка ми јави се во пожарна ( пошто јас играв ХоН, многу битна ствар
). Ѕвони мајка ми од таму викаат никој не пријавил, а оганов веќе трае 15 минути. Таков народ сме, беден. Од 50тина луге никој да не се јави во пожарна.
а знаеш зашто никој не се јавил?
затоа што државата ни е наполнете со усрани закони... пример:
комшијата мој го јадеше немиен за пожарот (мал) што се деси кај мене дома... се потпали машината за перење... дома бев, видов, изреагирав... ја извлеков на тераса и таму ја изгасив... ама комшијата од соседната зграда видел пламен и пријавил во пожарна.. додека батињата се довлечкаа пред зграда, јас веке и бев истуширан, да не мирисам од димот, а машината одамна изгасена... ми дојдоа на врата ми викаат пожар има пријавено? јас појма немав дека некој пријавил и му викам не, нема пожар, се потпали машинава, јас си ја изгасив и тоа е тоа... после некој ден дознавам дека на комшијава му врачиле сметка од 350 евра да си плати за пријавување... кога поубаво се распрашав, во правилникот им стоело дека таков тип на интервенција (доаѓањето) коштало толку..
иста случка знам и за гасење на запалено возило... тип од кола позади која возел и се запалила, од мобилен пријавил... дошле изгасиле и на него му врачиле сметка за плаќање...он вика абе чекај, јас нај добронамерно, они викаат незнаеме ние кој и што и чива е колата, ама тебе те знаеме, ти пријави и ти ке платиш, а ти види си таму со тој што му интервениравме, нека ти плати...
значи денес, да видам како гори кола, ке притрчам да помогнам ако можам, или ке се оддалечам на безбедна далечина за мене и толку... не ми ни паѓа на памет да пријавувам... нека си пријави тој што му треба и има пари да плаќа...
ова кога реков закони усрани знаете на што мислам.. усран е и законот ако некој дома ти влезе ти не смееш да го нападнеш... не смееш ни со прст да го пипнеш... а би го дробел и гнетел, па ке ме тужи после он...
ах таа моја чудесна земја...