Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3267365 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Denes me iznervira stoka dzandarska.
Si vozam taka vecerva od skopje prema Gostivar... Nekade pred Tetovo, si vozam taka stotka a nadvor vrne. Me preletuvaat mercedesi i audija, sekoe deseto ne e Mercedes u picku i taka letaat so po 180-200. Edno mochano Clio me tretica so 110 pred vlez vo tetovo i posle pola minut go gledam dzandari go zaprele.

Pa pizda vi materina vasa krvnicka... Svedska masa za kaznuvanje, kazni od po 300 evra i zemanje dozvola, ednoto edinstveno clio najdovte da go zapirate.... Air da ne vidite... Stoka.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Не знам колку е можно да се истера работата до крај, ама од мене барем имаш подршка @ficomk.
Кога СИТЕ би го правеле тоа, подруги би биле работите. Ама тука филозофијата е „друг нека се замара со тоа, јас не можам„.
Затоа и не онадат овака во сите погледи и на сите начини.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
@Filo ако се сеќавам,Фаланга немал добиено повратна порака дека е ок да паркира,па му ставиле канџа.или не беше така?зашто не ја терал правдата до крај?а примерите на Онак не се за коментирање,пошто си немаат везе со ситуацијата за која збориме.
и на крај, Фило и Онак,дали на вас ако ви ја кренат колата на платен паркинг,и за тоа ви наплатат,ќе си платите?А после ќе пишувате тука што ве изнервира у сообраќајот,дека говеда биле и незнам што,а не сте направиле ништо да си ги заштитите вашите права.Ако мислите дека така е у ред океј,ама немојте тука да ги убедувате сите дека е,кога не е.

значи друже форумски мој... од искуство зборам.. не правник, не незнам што... се утопори типот на рампа и фино си рече, дур не платиш, колата од ТУА НЕ ИЗЛЕВА.. после имаш право да се жалиш, тужиш и останато... сакаш нејкеш, ке преброи пари на тоа шатерчето, па после оправај се... или остави ја колата тука и надевај се дека следните 6 месеци додека се тужиш, ке ти остане читава и на крај судот сепак (по некое чудо) ке те прогласи тебе за победник и нема да платиш 1 евро саат лежарина...

па ти види сега...

значи си платив, па поднесов поплака во градско собрание, поднесов поплака и во ЈП паркинзи, поднесов пријава и во мвр... апсолутно до еден сите ме изигнорираа... и кога ке прашав до каде е предметот, ми викаат во процедура е... и ете, во процедура е веке 4-5 години...

сега јасно ти е?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 634
  • Сузуки Витариче
Секој ден, без изклучок, ме нервираат старо-новите ЦРВЕНИ бранови по Партизанска, Илинденска, кај Мавровка, кај Влада и каде се не...
Во цивилизираниот свет и на улички од 3-та класа има зелени бранови бидејќи се цени времето, парите потрошени за гориво и секако чистиот воздух. Кај нас еден направија и не издржа ни година.
Немам никакви сомнежи дека сме на ниво на Централна Афричка Република!
Потпис.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Не знам колку е можно да се истера работата до крај, ама од мене барем имаш подршка @ficomk.
Кога СИТЕ би го правеле тоа, подруги би биле работите. Ама тука филозофијата е „друг нека се замара со тоа, јас не можам„.
Затоа и не онадат овака во сите погледи и на сите начини.

неможе бе друже обичниот човек да се фати за сите проблеми и за сите да биде ригорозен... постојано на форумов го читам оваој нај глуп момент кај што се прави некој паметен и вели дека КОГА СИТЕ БИ ГО ПРАВЕЛЕ ТОА би било поинаку... е да де, така е, ама нема сите, туку секој за себе.. основниот животински инстинкт е секој за себе, па ако остане нешто тогаш и за другите... а човекот сепак е животно, само со ум за разлика од останатите...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4588
во цивилизираниот свет се гледа да се намалуваат семафорите,ама кај нас нема повеќе од 300 метри улица без семафор.
@Onak дали ти беше колата дигната како што пиша Стратро или за друга работа?Знам дека ако колата ти е крената,без да си платиш неможеш да си ја земеш,или ако другачие не пресуди судот.Незнам дали си ангажирал адвокат за твојот случај(ако мислиш дека си во прави си требал),ама со поплаката си го бришеле гзот-извини на израз.
Да не испадне дека јас сум најпаметен,а и ти,еве,има правници на форумов со искуство,нека се изјаснат што треба да се прави во такви случаи,дали да ги бараме да не застапуваат или да идеме да си платиме и да си ќутиме.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
од адвокат пишано и заверено... направени копии на кои се бараше нивниот штембил да биде турен за прием на поплака...

колата ми беше крената бесправно.. да не објаснувам како и зашто, не смееја да ја кренат од таму.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Не бе Онак, не мора да биде примерот со паркингот. За целокупната свест зборувам.
Еве пример, сега во маало да почнат крадци да кршат прозори во некоја од куќите... скоро сите од соседите НЕМА да пријават во полиција, пошто нели „друг ќе пријави„. Во една Германија да се деси милион пати помала настан за пријавување, абе полицијата нема дерман да види од телефоните што ќе звонат.
Другар ми во Швајцарија, на 3 минути да ја остави колата на улица паркирана само набрзина да земе што заборавил нешто, 4тата минута веќе му иде полиција (вистинит настан). На една минута, на една. Мора во гаража да ја паркира колата.

Ме разбираш за што зборам?
Тука за ситниците никој не сака со мал прст да мрдне, а не па за покрупните работи како ова за паркингот што го зборувате. Бурек може да се јаде, ама нешто конкретно да се направи: никако, друг ќе направи де. И никој ништо не прави. И го јадеме немиен сите. И сите сме криви за тоа.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Во врска со ова што зборите. Пред пола година се запали тераса на комшии и пред зграда се собраа 50тина луге можеби и повеќе и сите гледаат и сликаа. И викам на мајка ми јави се во пожарна ( пошто јас играв ХоН, многу битна ствар ;D ). Ѕвони мајка ми од таму викаат никој не пријавил, а оганов веќе трае 15 минути. Таков народ сме, беден. Од 50тина луге никој да не се јави во пожарна.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Toa ко ДОТА нешто беше а? 
Колку АПМ имаш?  :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Многу малце. Од 2100 партии 77 апм average. Али многу џангл играм затоа. ;D
Иначе откако неам кола ама баш за ништо не се нервирам во сообраќајот.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7107
и на крај, Фило и Онак,дали на вас ако ви ја кренат колата на платен паркинг,и за тоа ви наплатат,ќе си платите?А после ќе пишувате тука што ве изнервира у сообраќајот,дека говеда биле и незнам што,а не сте направиле ништо да си ги заштитите вашите права.Ако мислите дека така е у ред океј,ама немојте тука да ги убедувате сите дека е,кога не е.

А ако треба да се плати што ке правам ? Ја кренале и за да ја зеам мора да платам на пајак службата иначе остана колата таму.
И да, ке пцујам и ке пишувам во темава дека тоа ме изнервирало пошто они се силата, а ја сум еден обичен беден граганин кој вози кола од 200 евра и нема сила да им се спротистави.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Во врска со ова што зборите. Пред пола година се запали тераса на комшии и пред зграда се собраа 50тина луге можеби и повеќе и сите гледаат и сликаа. И викам на мајка ми јави се во пожарна ( пошто јас играв ХоН, многу битна ствар ;D ). Ѕвони мајка ми од таму викаат никој не пријавил, а оганов веќе трае 15 минути. Таков народ сме, беден. Од 50тина луге никој да не се јави во пожарна.

а знаеш зашто никој не се јавил?

затоа што државата ни е наполнете со усрани закони... пример:

комшијата мој го јадеше немиен за пожарот (мал) што се деси кај мене дома... се потпали машината за перење... дома бев, видов, изреагирав... ја извлеков на тераса и таму ја изгасив... ама комшијата од соседната зграда видел пламен и пријавил во пожарна.. додека батињата се довлечкаа пред зграда, јас веке и бев истуширан, да не мирисам од димот, а машината одамна изгасена... ми дојдоа на врата ми викаат пожар има пријавено? јас појма немав дека некој пријавил и му викам не, нема пожар, се потпали машинава, јас си ја изгасив и тоа е тоа... после некој ден дознавам дека на комшијава му врачиле сметка од 350 евра да си плати за пријавување... кога поубаво се распрашав, во правилникот им стоело дека таков тип на интервенција (доаѓањето) коштало толку..

иста случка знам и за гасење на запалено возило... тип од кола позади која возел и се запалила, од мобилен пријавил... дошле изгасиле и на него му врачиле сметка за плаќање...он вика абе чекај, јас нај добронамерно, они викаат незнаеме ние кој и што и чива е колата, ама тебе те знаеме, ти пријави и ти ке платиш, а ти види си таму со тој што му интервениравме, нека ти плати...

значи денес, да видам како гори кола, ке притрчам да помогнам ако можам, или ке се оддалечам на безбедна далечина за мене и толку... не ми ни паѓа на памет да пријавувам... нека си пријави тој што му треба и има пари да плаќа...

ова кога реков закони усрани знаете на што мислам.. усран е и законот ако некој дома ти влезе ти не смееш да го нападнеш... не смееш ни со прст да го пипнеш... а би го дробел и гнетел, па ке ме тужи после он...

ах таа моја чудесна земја...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Јас прв пат слушам за ваква работа. Сулудо звучи.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Абре ќе ги запалам и нив и 350те евра.