А бе и јас возам и точак и кола, Мноооогу почесто кола од точак, 50 пати повеќе изразено во километри. И двете средства пробувам да ги користам најкултурно што може. Не возам точак, или ретко го возам по улица (некогаш кога сум на тренинг - по булеварите возам, најчесто навечер кога се на улица и најнекултурните возачи, па не ми замераат на мојата некултура

).
Но, некултурен на точак е даааалеку помало зло за толку да претаме тука, отколку некултурен пешак или некултурен возач на автомобил или мотор.
Кога некултурен точкар поминува на црвено, тоа го прави релативно брзо за да не засмета, но доволно споро, за да има доволна прегледност за да оцени дали иде или не иде кола од спротивните страни. Госпо` нека му е напомош ако згреши во процената.
Пешак е далеку поспор, па дури и да е доволно далеку возилото што иде од спротивна, многу веројатно дека ќе засмета. Возач на моторно возило е најстрашно, пошто не може да процени кога некоја будала на зелено ќе помине.
Тоа е што се однесува до црвеното светло.
Не треба да поминува, секако, но некогаш е тешко и неприродно да го менуваш ритамот на возење точак, и
не застануваат доколку нема сообраќај од останатите краци на раскрсницата. Истото црвено може да го помине и од велосипедска патека, тогаш пола културен ќе биде.

Возењето по улица, во крајна десна лента, повторно ќе кажам ич не ми пречи. Додека не се направи инфраструктура барем како во видеоно од Цирих (каде што и не е најидеално), треба да се дозволи возење по улица. Само десно и на макс 1м од тротоар. Има место, слободно може и автобус да помине покрај нив без да излезе од лента. Секако, ова важи доколку брзината на пат му е над 20км/ч (јас со ќерка ми од 15кг на точак, плус строго по патеки, плус со застанување на сите семафори имам отрприлика толкав просек на рамно). Ако се влечка, може слободно на велосипедска, нема да му пречат паркирани возачи и пешаци и контејнери и растурено ѓубре и неисечени гранки што ти маваат по лице. Но, додека не се среди стварно асално инфраструктурата, треба да бидеме скрос толерантни и благодарни што возат точаци во овој ужасно неспремен град со никаква инфраструктура за точаци. И да им помогнеме во борбата за подобра точкарска инфраструктура, а не да ги хејтаме „од инает“

Ни тој Дени што го имаше снимано, ни овие Зеро што ги слика, не им го изреметиле ритамот во нивното возење автомобил, ниту возачите требале да обратат екстремно внимание на нив. Доволно е само да го приметиш нивното присуство на коловозот, да знаеш дека се тука и да си продолжиш по својот пат. Веројатно поголем ремет било вадењето телефон да ги сликаш, отколку реметот што го напраиле во сообраќај.