Абе ти најде да збориш? Снимаш со телефон дур возиш велосипедист кој што вози според пропис со кацига и сигнализира со рака исто по пропис. Абе јајцата на човекот му ги извадивте како имало патека и колку грешно постапил. Ароганција од сите има подеднакво, неможеш да ги делиш. Сите сме луѓе, еден ден велосипедист, друг ден пешак, трет ден позади волан.
Ти да си профи велосипедист (на пример некој трча 10км на кеј 4-5 пати во недела, некој го качува Водно, некој вози велосипед не рекреативно туку како овие погоре) и ти реално би возел на велосипедска патека во нас. Аеродром или колку што можеш побрзо поминуваш низ населбата и продолжуваш накај Козјак рецимо. Немојте со вакви иронии ви се моља.
Дали е некој „профи велосипедист“ или не е (иако не ја разбирам дистинкцијата), апсолутно не е важно. Некој што секојдневно вози со велосипед до работа и назад за мене е подеднакво важен од некој што вози „накај Козјак рецимо.“ Дури и поважен, бидејќи тој што вози до Козјак го прави тоа што го прави, таму некаде - на Козјак. Тој што вози до работа вози низ град. Намалува гужва, намалува загадување и придонесува повеќекратно за да ни биде подобро на сите.
Е сеа.. Еве.. Некој е „профи велосипедист“, па за него не треба да важат правилата? Добро. Дали тоа значи дека Иџе као профи возач смее да поминува на црвено и да вози 200 низ град?
Реално, многууу дрвење за точкарите, а не се воопшто толкав проблем колку што сакате да го прикажете. Поглем проблем е како да направиме повеќе на точаци да седнат, отколку по еден чоек у кола што се возиме низ градов.
Апсолутно се согласувам, и затоа и ги поддржувам сите работи кои се направија во насока на подобрување на велосипедската инфраструктура. А и јас ги користам!
Како не е важно?
1. Профи велосипедист вежба на пат што е 99% користен и од автомобили.
2. Профи велосипедист ама сигурно нема да тренира на вело патека што се користи за сосема друга цел од таа на тој што тренира. (дури и кејот на Вардар е катастрофа за тренирање)
3. Профи велосипедист не се влече на велосипедска патека, туку целта му е непречено возење со најмалку сопирање што е можно. Брзината сигурно не е помала од 30км/ч. Барем мене вака на видиеото ми изгледаше дека човекот беше профи и си фура некаде да вози.
Ако овдека не гледаш разлика со обичен лик како мене и тебе што иде до работа и назад со точак, тогаш ОК. Велосипедските патеки сигурно не ги направија за ликот како на видеото, туку да се охрабрат што поголема маса на луѓе да користи велосипед како транспортно средство. Ама се одбра тотално погрешно видео да се јаде бубрези против велосипедисти, кои несомнено и тие како и возачи на автомобили прават грешки. Ако ништо друго видеото на Дени покажа само како треба да се однесува велосипедист каде што го дели сообраќајот со останате учесници, и може МВР да го користи како рекламен материјал за правилно однесување при сообраќај.
Споредбава со Иџе ти е како да ти кажам, смешна во најмала рака. Значи да правиме реален муабет а не со вакви квази примери. Пази, уште никој ништо не коментира за тоа што дени го снима велосипедистот со ТЕЛЕФОН во рака дур вози. Треба МВР да му стегно казниче според мене. Но, што понатака?
Pogolem problem od tockarite (jas barem za sega ne gledam i nemam problem so niv) se kolite so diplomatski tablici. Pogolemo nepocituvanje na zakon nemam videno, a nikoj nishto ne im moze i taka
И вакви фраери со џипови исто така

