Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2896548 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Точак возев да речеме полупрофесионално, до 97 и "дивеев" по улиците со големи брзини. Но, до тогаш сообраќајот беше "попитом". Помалку точаци, помалку коли, поголема култура, и патеките беа на коловоз(каде ги имаше).
Денес да ти е страв да седнеш на точак, а богами ми станува страв и во кола.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Снимано е од совозач моето видео во случајов.

https://en.m.wikipedia.org/wiki/Whataboutism ќе искористам еден линк од Зеро за риплаиве. :) :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Точак возев да речеме полупрофесионално, до 97 и "дивеев" по улиците со големи брзини. Но, до тогаш сообраќајот беше "попитом". Помалку точаци, помалку коли, поголема култура, и патеките беа на коловоз(каде ги имаше).
Денес да ти е страв да седнеш на точак, а богами ми станува страв и во кола.
Мене ми е многу страв на точак. И да има голема култура во возење од аспект на возење испод ограничување, почитување на семафори и други знаци итн. некогаш (почесто кај женската популација од незнаење а кај маживе од инат) едноставно не размислуваат со главите т.е. она што ние го нарекуваме ние да имаш прегледност и да пратиш сообраќај пред тебе, е нешто што им фали. Да процениш ситуација што би се рекло.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Рута на возење ми беше: кис.вода- зелениково, зелениково-матка, матка- кис.вода. Да имав опција да го избегнам градот ќе беше супер. Но, и тоа беше дел од вежбањето, забрзување, кочење...
Без ниедна "сообраќајка".
Освен во '89, на една девојка што и влегов меѓу нозе на автобуска во аеродром, меѓутоа со туѓ точак кој имаше слаби кочници
« Последно менување: 25 Мај 2018, 14:59:34 pm Mikius »

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30064
    • CARclub.mk
Мене ич не ми е страв на точак. Со тоа што, јас признавам дека не сум профи велосипедист. Возам чисто од мерак и рекреативно. Од дома, по кеј, до Лисиче и назад, па низ парк, па низ Дебар Маало некаде на кафе, па од кај мене до Порта Влае исто некаде на кафе, итн. Не ми е точакот лајфстајл, туку нешто што го правам од мерак. Да речеме дека рутата кога ќе се пуштам да возам ми е околу 30-тина километри.

Е сега.. Зошто не ми е страв? Затоа што применувам здрав разум во користењето велосипед во хаотичен град каков што е Скопје (и прв ќе признаам дека е хаотичен и дека возачите на коли се даааааааалеку од цвеќиња за мирисање).

Под здрав разум подразбирам - возење по велосипедска патека кога постои. Кога не постои, возам што е можно поблиску до десен раб на улицата. Стојам на семафори (исто како што стојам и со кола) кога ми е црвено, а во ситуации кога имам предност ама мислам дека ситуацијата е ризична, давам предност на другиот учесник во сообраќајот (тука ќе се навратам на „тука лежи тој-и-тој, во право беше“). Ги сигнализирам намерите со раце (односно, „давам жмигавец“), и гледам да не слушам музика додека возам точак - иако, признавам дека го правам тоа, ама обично само на кеј кога возам. Точакот ми е соодветно осветлен (имам задно LED светленце, кое кога е во употреба е пуштено на конзистентно светење, не трепкање, нормално) и рефлектирачки ленти на самите гуми. Немам предно светло (јебига, нарачав од Алиекспрес, не стигна, ќе си купам тука од пазарче), ама ќе го средам и тоа.

Стварно не гледам што од ова што го наведов е проблематично и неразбирливо, особено за секојдневно, нормално, градско (еве, нека биде не-профи) возење точак.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Мојата рута е по илинденска и партизанска. Строго по патеки зошто ги има и се прекрасни по целата должина на мојата рута. Возам денски и имам држач за светло напред. Катадиоптри на тркалата и напред и назад. И се трудам да сум што е можно понеприметлив во сообраќајот исто како и кога сум со кола.




https://youtu.be/loX7kUmIIIg

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Оди живеј во Јапонија, после недела дена ќе сакаш пешки да си дојдеш пошто таму нема да работиш како тука државно и да куцаш на форум.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
А бе и јас возам и точак и кола, Мноооогу почесто кола од точак, 50 пати повеќе изразено во километри. И двете средства пробувам да ги користам најкултурно што може. Не возам точак, или ретко го возам по улица (некогаш кога сум на тренинг - по булеварите возам, најчесто навечер кога се на улица и најнекултурните возачи, па не ми замераат на мојата некултура :) ).

Но, некултурен на точак е даааалеку помало зло за толку да претаме тука, отколку некултурен пешак или некултурен возач на автомобил или мотор.

Кога некултурен точкар поминува на црвено, тоа го прави релативно брзо за да не засмета, но доволно споро, за да има доволна прегледност за да оцени дали иде или не иде кола од спротивните страни. Госпо` нека му е напомош ако згреши во процената. 
Пешак е далеку поспор, па дури и да е доволно далеку возилото што иде од спротивна, многу веројатно дека ќе засмета. Возач на моторно возило е најстрашно, пошто не може да процени кога некоја будала на зелено ќе помине.
Тоа е што се однесува до црвеното светло. Не треба да поминува, секако, но некогаш е тешко и неприродно да го менуваш ритамот на возење точак, и не застануваат доколку нема сообраќај од останатите краци на раскрсницата. Истото црвено може да го помине и од велосипедска патека, тогаш пола културен ќе биде. :)

Возењето по улица, во крајна десна лента, повторно ќе кажам ич не ми пречи. Додека не се направи инфраструктура барем како во видеоно од Цирих (каде што и не е најидеално), треба да се дозволи возење по улица. Само десно и на макс 1м од тротоар. Има место, слободно може и автобус да помине покрај нив без да излезе од лента. Секако, ова важи доколку брзината на пат му е над 20км/ч (јас со ќерка ми од 15кг на точак, плус строго по патеки, плус со застанување на сите семафори имам отрприлика толкав просек на рамно). Ако се влечка, може слободно на велосипедска, нема да му пречат паркирани возачи и пешаци и контејнери и растурено ѓубре и неисечени гранки што ти маваат по лице. Но, додека не се среди стварно асално инфраструктурата, треба да бидеме скрос толерантни и благодарни што возат точаци во овој ужасно неспремен град со никаква инфраструктура за точаци. И да им помогнеме во борбата за подобра точкарска инфраструктура, а не да ги хејтаме „од инает“  :)

Ни тој Дени што го имаше снимано, ни овие Зеро што ги слика, не им го изреметиле ритамот во нивното возење автомобил, ниту возачите требале да обратат екстремно внимание на нив. Доволно е само да го приметиш нивното присуство на коловозот, да знаеш дека се тука и да си продолжиш по својот пат. Веројатно поголем ремет било вадењето телефон да ги сликаш, отколку реметот што го напраиле во сообраќај.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Прекрасно напишано од Симо во неколку наврати,а и од уште неколку реални луѓе. :)
Премногу се издрве за банално видео, каде точкашот не направи во ниту еден момент загрозувачка ситуација.
Претежно возам до Средно Водно, по кеј,ама после плоштад по улици и поминувам некогаш и на црвено, кога ситуацијата ми го дозволува тоа. Иначе возам рано сабајле во 7 за викенд,сигурно ако возам покасно нема да можам да подобрам време, а и многу коли ќе има после.
Начекувам некогаш у сообраќај непримерни велосипедисти, ама прекршоците кои ги прават се минорни во однос на пешаците,а да не правиме муабет у споредба на оние кои се во кола. А дека имаме вело патеки, немаме,да не се лажеме, прошетани сме горе доле и имаме очи :)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Јас само на водно возам и ептен ми е шубе коа ги слушам колите покрај мене, посебно ЈСП коа ќе помине

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Дека прават прекршоци, прават и тој на видеото и тој на сликата. Дека тие прекршоци се толку ужасни и загрозувачки, не се.

Аналогно на тоа, не гледам потреба од дигање толку галама за точкаџии кои не можат да наштетат на вас или ваши блиски како што можат да наштетат 200-300 пијани морони кои секој викенд лапаат казни (и уште толку кои избегнале казна). На територија на Скопје се случуваат 50тина сообраќајки секој викенд, точаците треба да се малку подоле на листата "Што те изнервира денес?".

Го глеаш тој со точакот дека вози во трета лента? Вози во средна. That simple. Го гледаш дека поминува на црвено? Ако се осеќаш злобно, понадевај се дека ќе го собере кола. Ако се осеќаш океј, проследи го со поглед и бркај си работа.


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
И шо ако е профи велосипедиста? Да му се клањаме? И за него важат истите закони.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Да.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Како бивш полупрофи велосипедист да објаснам мое видување.
Сообраќајни знаци и правила мора да се почитуваат, тука сум согласен.
Што се однесува до патеки, за стилот на возење што го имав, не вршат работа.
Пример, од кис. вода кон зелениково, каде да ја барам?
Да идам преку центар, кон аеродром и пак да се вратам кај усје?
Од кис.вода кон матка по партизанска патеката ќе ми треба цела вечност(разни препреки), или некој пешак да соберам.
Со други зборови, патеките не се проектирани за брза вожња.
Кому му пречи ако возам по коловоз со 40,50 , освен од омраза или некој инат што некој со точак се осмелил да го претицува :)