Кога го купив Типото ми вадеше некој звук (метал на метал), и тоа само на една локација, вртење во лево при премин од една уличка во друга кои имаат различна нивелација.
По 2 месеца истекуваше регистрација, поминав технички без проблем (им напоменав да обрнат повеќе внимание).
Бидејки ми одеше на нерви и да се осигурам да не ми испадне тркало

отидов и на сервис за предница. Ништо не открија, топ предница.
Отидов кај уште еден во Бутел по препорака, во прв момент ок, но во последен момент им се видело нешто сомнително и со 2 хебли кај десната вилушка успеаја да го репродуцираат звукот.
Го најдоа и амортизерот прилично издишан (знаев дека се за менување) и како резултат на тоа почнала да страда вилушката. Во секој случај не беше нешто драматично, некој ќе вози така додека не го вратат на технички.
Сменив вилушка и амортизери и го снема звукот.
Поента е дека на технички не се замараат многу, односно се поминува(ше) и со не многу очајна предница. Амортизери речиси никој не гледа, дури и некои сервиси за предница ако не им кажеш. Некои други пак ничим изазвани ќе ти најдат триста маани, да не кажам нови амортизери ќе ги најдат за менување.
Скокни до некој од погоре препорачаните и види што ќе ти кажат. Можеби треба да се навикнеш на звуци од стара кола

не едно да тропка кај нив
