Нешто ми тропкаше во предница (бев убеден дека е некој стабилизатор), бев денеска кај Мето, ја провер комплет предницата и ми кажа дека се е во ред, а звукот најверојатно доаѓал од амортизер или спирала. Во Авто Мобил ги проверив амортизерите на тестер и ми кажаа дека се во ред, а како би можеле да проверат од каде доаѓа тропкањето мора да ги извадат амортизерите и спиралите. Не ги знам таму дечките, може се најкоректни и се, ама се плашам да не излезе после дека ќе треба и амортизерите да треба да ми ги сменат. Спиралите се нови од лани, ама некако не ми штимаат нај нај, ги рекламирав 2 пати кај Саше и кренав раце од него. Работата е што тој звук (како кога лупка стабилизатор) секогаш го снемува кога колата ќе е крената на дигалка и после се појавува за неколку дена. Приметив кога ги менувам гумите летни/зимски, посел тоа го нема звукот па се појавува. Исто и кога ми прават проверка на подвозје (како сега кај Мето), ја крена, провери, спушти и звукот го нема ама знам дека ќе се појави за неколку дена. Што да се прави не знам, некоја препорака некој да погледне убаво за што се работи а да не ме заколат, не е сега моментот, во сред селење сум
