пардон за даблпост
Да си ибите, ме гаѓа носталЃија. Ај да си ги изложиме компјутерските истории. Еве ја мојата, со прескокнати лаптопи:
1984 - Sinclair ZX Spectrum, проширената верзија која наместо 16 имаше огромни, неверојатни 48 КИЛОбајти RAM. Со ова гомце научив 90% од работите кои ги знам за у принцип за компјутери. Вклучително и програмирање во асемблер. Во петто одделение толку се фасцинирав од програмирањето што второ полугодие се утепав од бегање часови за да куцкам дома. *Веројатно* (не сум сигурен) сум автор на првата компјутерска македонска кирилица на светов. А кирилицата ја направив со едитор на фонтови кој исто така самиот го напишав. Во бејзик. Ако некој знае за македонска кирилица (со Ѓ, Ќ итн...) во 1985 или порано - нека каже. Сум барал и не сум нашол. За ова освоив прво место на републичко натпреварување во „Народна техника“ и второ место на сојузно во Нови Сад (требаше прв да бидам, ама мораше да победи синот на директорот на „Галеника“, мамата у пичка)
1988 - Аtari ST со пола мегабајт RAM и интерно 32-битен процесор. 1988! Првиот „озбилен“ компјутер, со графички интерфејс, маус, прозори и менија. Прво запознавање со објектно ориентирани програмски јазици. Ама тука почна и пичка да ме занима поише од компјутери, така да не продужив со програмирање у животов. Продужив со женски, пиво, цигари, билијар и малолентничка деликвенција. Јеби га, младоС лудоС.
1989 - Amiga 500. Оганот на љубовта никогаш не пламна меѓу мене и Амигата. Оперативниот систем ми беше исклучително, исклучително моронски. Играв шарени игрици некое време и го шитнав после 2-3 месеци. Брзо го заборавив тој компјутер. Атарито ми беше каде-каде по фенси и по моќен компјутер. Башка беше скоро дупло побрз од амигата (4.77 вс 8 МHz).
1990 - Првиот хард диск, Atari SH205. Беше поголем и потежок од компјутерот, му требаа околу 5 минути да се дигне, при тоа пушташе звук на млазен авион кој полетува, а се грееше доволно да испржиш јајца на него. Кошташе суво злато, го добив ко компензација за изработено лого на една позната видеотека (ви текнува на овие?) во Degas Elite.
1991 - Macintosh Plus. Прво запознавање со Excel, Photoshop, WYSIWYG концептот и слични дотогаш невидени работи. Второто сериозно заљубување у компјутер (првото беше првиот). Кога ќе видев PC со Херкулес ми изгледаше ко канта од камено доба. Бев закоравен мекинтош фанатик. Си ги расипав односите со повеќето PC ентузијасти само заради ова. Кој нема да ти се налути ако му викаш „многу ти е глуп компјутерот“?
1994 - Првиот PC компатибилен компјутер. Го чекав да се појави првиот саглам графички ОС, затоа. 386SX на 25МHz, 1 MB (мислам) RAM и WD Caviar од 210 мегабајти - убедливо најголемиот и најбрзиот диск кој можеше у тој момент да се најде во ск. Многу се курчев со овој компјутер. Многу.
1997 - AMD X5. Конечно компјутер на кој можат да се играат фенси 3D игри. Се утепав од играње. Баталив и факултет и све.
1998 - Суперфенси графички апгрејд: Matrox Mystique + Voodoо 2. Повторно редици кај мене дома пред врата од љубопитните компјутерџии. Повторно главен фраер во маало.
2003 - Pentium 4 Northwood 2.2 GHz. Бев мирен повеќе години.
2009 - Core 2 Quad 3.4 GHz. Уште верно ме служи, сеуште неам намера да го мењам.
2012 - GTX 660 ti и SSD. Нова тура мањакално играње игрици.
Еве, прописно ве угушив со деталите од мојот приватен живот, али ме инспирираше тредов.