Се надевам дека никој од вас не користи Windows XP? Ако никој не користи XP тогаш муабетиве ви се бајаги застарени.
...
Рестриктираниот кориснички акаунт се користи за други работи (групна или доменска секјурити полиса). Затоа уште во времето на Vista воведоа прекрасна работа која се вика User Account Control или UAC. Претпоставувам дека многу од вас по дифолт ја исклучуваат и затоа се заебуваат, па така различен софтвер си се стартува и извршува и покрај тоа што имате пасворд со не знам колку десетици карактери. Потрошете време прочепкајте го малку UAC и поднаучете го. Нема да ви е потребен пасворд со повеќе од 3 или 4 карактери.
Jaс имам дома едно 2-3 машини кои малтене секојдневно се користат за сурфање и разно-разни споредни намени. Работата си ја вршат задоволително добро и немам намера да ги менувам, се додека не морам. По мое мислење на 1Гб и на суб 1Гб машина само мазохис’ би користел било кој ОС над ХР.

Исто така, на работа такви машини во админстративниот сегмент ги имаме еден куп (не е е троцифрена бројката, ама не е многу далеку од тоа). Неисплатлива е надградба на понов ОС, прво од финансиски аспект а потоа и од аспект на перформанси.
Сега гарант некој ќе се најде да линка напоредни тестови на ХР и на 7мица... ќе избаци нешто како 7мицата е 0.000143% побрза во апликации кои користат мултитаскинг (или диск перформанси). Епа нишо од тоа на сингл-кор пентиум 4ки...

Едноставно меморискиот футпринт на 7мица ја вади од игра кај вакви машини. За 8ца или понови ОС да не ни разговараме.
И Миле бачка, и ако перформансите идат во минус... кои причини ми остануваат да „упгрејдувам„ на 7мица, за „поголема сигурност„? UAC??
Па што побогу е UAC освен присилно користење на локален рестриктиран акаунт???

Тоа што никако не можеа со убаво да ги натераат луѓето да го прават (да не сурфаат и секојдневно работат со админ акаунт)... сега „на сила„ им го наложуваат.

(пошто нели, тие што на ХР не поставуваат рестриктиран акаунт, обично не знаат ни на 7мица да исклучат UAC)