UAC не е за лаици, тие и така го гасат и си фураат во God-mode.
Во Windows 7, 8 имаш штит во иконата на .exe фајлови што бараат администраторски привилегии. Во XP нема таква работа. Треба да нагаѓаш дали треба да правиш RunAs.
Затоа што си корисник кој внимава на безбедноста, прво ќе пробаш без администраторски привилегии да ја повикаш. Ќе стигне до пола со извршување, ќе отпакува фајлови во темп, ќе те прашува за локации, дрн, дрн јариња и на крај ќе ти каже, упс грешка, не можел да запише нешто. Е јебига, требало како Админ. Ај пак од поново, сега како админ, нормално ако му веруваш доволно на софтверот за да му дозволиш таков пристап.
Позгодно е, односно штеди време. Ако видам штит на програма која не би требало да бара таков пристап, одма ја бришам, не се замарам воопште.
Уште долго време одкако искочи Windows 7, Winamp бараше администраторски привилегии. Не само за инсталација, туку и за нормална работа. Зошто? Затоа што сите што правеа софтвер за XP беа навикнати да не се замараат со тоа каде смее, а каде не смее да се чачка. UAC конечно му стави крај на тоа.