Ти треба појак процесор, т.е. оверклокуван i7, и тоа по можност да му дадеш +10% на PCI клокот, да исклучиш се што е можно од пауер сејвингс и ред други оптимизации за да извадиш максимум. Сепак за RAID од многу SSD-a јас би идел исклучиво на PRO, а посебно што EVO–то потрфрлаат на 4K записи.
Спеак, во реалност, не можам да забележам битна разликата помеѓу 2x840 Pro и 3x850 Pro. Кога ги гледам бројките во таскменаџер додека се инсталираат и копираат ствари, има разлика, ама и едниот и другиот сетап се пребрзи за да ги осетам разликите. Така да и со 3х850 EVO 120 треба да корне, под услов да имаш брз процесор и малу поќе РАМ.
Ме интересира кога ќе ги наполниш над 60% какви перформанси ќе дадат. Мене ми се полни речиси 80%. Кога ќе се вратам баш ќе пуштам тест за да видам што се изгубило. Тој тестот од погоре беше праен со 30–35% пополнетост.