Баш така. Кратки релации, низ град, без редовно издувување. Годинава немав некое подалечно возење за да ја издувам поубаво колата, а си бара.
Интересен муабет - значително е зголемена бројката на проблеми кај коли со EGR изминативе неколку години, али исклучиво кај коли што се возат 99% од времето низ Скопје.
Реално, да не си ги покриваа трошоците они, ќе го извадев EGR-от и ќе го чистев. Сигурно нема да им дадам многу стотици евра за нов.