Автор Тема: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008  (Прочитано 7222 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #60 на: 08 Јули 2023, 14:43:34 pm »
Денес на 137800km направен мал сервис, уље Mannol Elite 5W-40, филтер уље Hengst, филтер воздух ME, трошок околу 40 евра. Поминати 8600км од минатиот сервис.




Стар vs нов филтер




На крај испрана после 2 месеца. Си плаче за полирање ама ќе си трпиме, не е нова кола јебига.




Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #61 на: 09 Август 2023, 19:33:04 pm »
Поминати 2200km за месец денa, па ете мал јубилеј, ја раситнивме 140ката.


Во друга тема спомнав како пред неколку дена приметив дека кога е висока работната температура на моторот (~105° C) при вклучување на климата компресорот правеше уклучи/исклучи додека не се намали работната температура. Освен тоа немав други проблеми.

Денес приметив дека компресорот уклучува и работи кога колата е во лер, но веднаш штом дадам туража се исклучува, па повторно се вклучува после некое време. Во кабина лади, но не со ист интензитет како пред неколку дена. Инаку последниве 2 дена колата се возеше континуирано по 8 часа, со по само 20мин пауза.

По проверка со OPCOM дијагностика, максимален притисок кој го достигнува кога е уклучен компресорот е околу 1400kPa на 30° C амбиентална температура. Нема регистрирано никакви грешки.

Едит: Кога компресорот се гаси покажува AC Relay: Inactive, што значи дека не гаси сам од себе туку преку релето. Ќе пробам да го бајпасирам па да видиме.



Од она што најдов на интернет, по полнење на системот обично се регистрира некоја вредност од 1600-1900kPa во зависност од амбиентална температура.
Можно е и мала количина на фреон да недостасува да ги има овие симптоми?
« Последно менување: 09 Август 2023, 20:26:27 pm DimitarMK »

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #62 на: 10 Август 2023, 08:28:56 am »
Имав слични симптоми кај мојата, варираа обртаите во лер и даваше дојам дека прави пали/гаси компресорот, но на крај излезе најбаналната работа - регулаторот за перката кој се наоѓа на самиот хладњак беше скроз кородиран и имаше 2 мода на работа: или дуваше full-blast, или дуваше ептен малку. Можно е и фреон да ти фали, али вреди и ова да се ѕирне.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #63 на: 10 Август 2023, 08:31:25 am »
Кај мене од преголем притисок го гасеше компресорот, а имаше преголем притисок поради неефикасен радијатор за клима/фреон, а во системот имаше количина на фреон во препорачани граници.

Кај тебе е веројатно некој failsafe алгоритам за да го заштити компресорот поради премал притисок, и постои можност да фали некоја количина на фреон.

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #64 на: 11 Август 2023, 09:15:56 am »
Нормално е при тргнување да гаси компресорот, така е и на 1.4 

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #65 на: 26 Август 2023, 16:07:23 pm »
@M.Meskov во право си, проверено на Астра Х 1.4, исто е. Возев околу 9 часа со пуштена клима на 21-22°C пред некој ден, сосем пријатно беше во кабина што значи добро си работи климата. Проверка и дополнување на фреон здравје догодина. Веројатно сум заборавил колку време треба да се разлади внатрешноста на црна кола стоена на јако сонце. :)

Мерено од Куманово влез - до пред зграда Загреб, возено преку обиколница Белград (обиколницата е одлична) и граница SRB-HRV кај Товарник, 9 часа и 15 минути со се паузи и чекања по граници.


Испрана, го чека дождот во понеделник.



Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #66 на: 09 Октомври 2023, 20:41:15 pm »
Денес на 142800км променета бобина, Delphi CE20009-12B1, купена нова за 82ЕУР.



Претходниот викенд тргнав сабајлечки на пат и после 10тина километри почна да трокира и вибрира - појави грешка P0301 Cylinder 1- Misfire detected. Истата грешка ја појави и пред ~7000km кога ги променив свеќиците.

Застанав покрај пат, ја извадив бобината, свеќичките, ги подзачистив и вратив се назад, грешката остана регистрирана, но веќе не трокираше и си извозев без проблем околу 250км.

Во текот на изминатава недела, дефектот беше спорадичен, еден ден трокираше, еден не. Решив петокот да нарачам бобина, па да видиме што ќе биде. Еве ја денес стигна, монтирана. Старата веќе еднаш била променета, од бренд Hüco. Првпат слушам.

Сега за сега се океј, само што ја запалив колата грешката се избриша, ќе пратам ситуација, се надевам ја погодив дијагнозата..

Успат за да ќарам бесплатна испорака, зедов за 17 евра филтер уље Hengst, филтер воздух Febi, филтер полен Denckermann за следен сервис.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5899
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #67 на: 09 Октомври 2023, 20:45:16 pm »
Мери отпор на старата измеѓу пинови. Најчесто страдаат од свеќици со различен отпор. GM свечичките имаат најдобар отпор кој одговара на модулот.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #68 на: 09 Октомври 2023, 20:59:13 pm »
Ќе измерам деновиве, моја претпоставка е дека старата бобина губеше изолација (insulation resistance).

Инаку веќе направивме година дена. Нек се угоде.

Поминати 15000км.

Потрошени:
- 1383 EUR на гориво
- 390 EUR на 2 сервиси стандард уље филтри и други делови и алати (звучници, стабилизатори, свеќици, бобина, кочници)
- 320 EUR на гуми
- 333 EUR на осигурување, технички
- 50 EUR на перални и средство за брисачи  ;D
= 2.476 EUR

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #69 на: 19 Ноември 2023, 16:41:29 pm »
За евиденција, на 143.350km променети летните со зимски гуми. Поминати 8400km со летните оваа сезона.



Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #70 на: 03 Февруари 2024, 17:11:51 pm »
За последен пат од мене измиена, исчистена и предадена на новиот сопственик. Првиот што се јави и дојде да ја види си ја купи.








Ако некој го интересира

Купена 3700EUR
Пренос на сопственост, осигурување, технички, сервиси, делови, гуми 1250EUR
Гориво 1650EUR
Поминати 17200km за 16 месеци.


Продадена за 3500EUR.

Со здравје да си ја вози новиот сопственик и долго да го служи, како што и мене ме служеше!  8)
« Последно менување: 03 Февруари 2024, 17:20:03 pm DimitarMK »