Голфчето уредно регистрирано.
- Задолжително осигурување (Winner): 7085 денари.
- Каско (со 500 евра франшиза, Winner): 9130 денари.
- Фонд за (дупки на) патишта: 2881 денар.
- Налепница (ж'та, Кавадаречка): 60 денари.
- Технички преглед и останати ситници (ПСС): 2712 денари.
Вкупно: 22048 денари.
Пријатно сум изненаден од поевтинувањето на каско полисите во Винер. 150 евра е одлична цена за мирна глава.
Како и секогаш, одлична услуга и супер однос во Winner. Во ПСС завршив работа за 20 минути, али изгубив саат време на шетање натаму-наваму до банка да платам за фонд за патишта и налепница. На технички си пројде колата без никакви проблеми, измерија издувни гасови (пријатно изненадување) и сè си беше во најдобар ред.