Мојот
2012 Volkswagen Golf 2.0 TDI 140 Highline.
Не знам што дополнително да напишам.
Сликите се можеби малку матни, ама набрзинка се сликани пошто ми беше многу ладно. Сега за сега, импресиите се одлични. Многу ме импресионира квалитетот на завршна обработка и користените материјали, а импресионираат и ситниците како обложените со материјал касета и места за тракатанци во вратите. Дампирањето е одлично, а внатре е многу тивко и смирено.
Сега за сега (на неразработен мотор) потрошувачката според борд е околу 7 литри на 100 километри, исклучиво во градски услови. Понатаму очекувам да се намали уште малку. Да поминам уште пар стотици километри, и да стигнеме убаво да го сликаме, па ќе направам еден убав сеопфатен тест за порталот.
Бујрум коментари.
P.S. Леонтина отиде кај домаќин човек, кој ќе ја чува и ќе ја пази. Ќе ја видите во населба Аеродром и ќе ве замолам да и дадете максимална почит, како што и заслужува.
Едит (26.02.2012): Еве уште неколку фотки, благодарение на Дени.