Се си има свое. Јас конкретно ја имав истата кола (w211) со мануелен, сега малку појака верзија со автоматски. За крузање, уживање и градска вожња автоматикот е мајка. Ама кога треба да се престигнува (барем додека го навикниш), ја држам во пониска брзина 1-2 секунди и ќе заиди кола, па сама ќе прешалта, па после пак пробувам да ја држам во пониска. Кик даунот има лаг од околу 1 сек, па не секогаш ми брка работа за брзи престигнувања. На пониски брзини, кога ќе прешалта 2-3 подолу, уклучува есп и тука се губи малку време. Ова доколку не сакаш да се замараш со типтроникот на кој брзините се менуват лево десно

.
Дсг верувам дека подобро менува, плус има шалтери на волан, но сепак и мануелниот менувач прави кеиф, како поголема контрола да имаш во свиоци, престигнувања и сл.
На крај на денот, се е ствар на навика. Така и на автоматски менувач да се навикниш е потребно кратко време, иако цел живот си возел мануелен. Многу луѓе имаат одбивност кон автоматик, но ретко кој возел "понов" автоматик, па според тоа да го создаваат своето мислење.