Ај малку гледано од "повисоко" ама исто е.
Овој камион што сега го возам (веќе 5 година) е со автоматски менувач, 12 брзини. Претходно исто толку време возев со мануелен менувач, исто 12 брзини.
Разлика: небо и земја.
На автопат е сеедно нели ,ама 12 брзини да ги менуваш на некој захтевен пат каде постојано треба шалтање добро ќе се испотиш.
Е сега со автоматскиов сосема друга приказна е. Мозокот на пасење, рацете на волан, (немора десната цело време да ти биде на менувач) си разгледуваш природа и само гас. Милина.
Нема шанси да ме убеди некој дека во нешто е подобар мануелниот од автоматски менувач.
Толку од мое искуство.