Од мој аспект: Темава ја почнав и учествувам во неа - за да научам повеќе и да го видам што велат аргументите на спротиставените ставови.
Темава почна како што почна, со тоа што го најдов првично. Можеш да се шегуваш ама јас ни сега не гледам, ниту па некој покажа ништо посебно неточно ете со првото видео. Стариот аутомеханичар во второто видео е повеќе за „мајсторски“ поглед/искуство со темата. Ни со неговото гледиште не гледам проблем, ниту видов аргументиран демант... Слободно нарекувајте ги „неолудисти“, нарекувајте ги и „монетизатори“, ама лажговци не се (и повторно ад хоминем, не ти туку многумина овде им ги игнорирате ставовите и аргументите а се мајтапите со нив лично).
Како што се развиваше дискусијата моето лично знаење на темава малку се зголеми, и увидов дека првичниот став не ми е далеку од реалноста која може да се види од досега изнесеното. Од вас неколкумина застапници за корисноста од старт стоп технологијата (освен лични необјективности) конкретно видов само два текста за мерење јаглеред диоксид на три аута направени со рачен инструмент, и измерени резултати внатре во маргините на грешка на инструментот.
Нејсе.
Две работи многу бодат очи:
- Прво:
Никој не покажа истражување за влијанието на старт/стоп врз емисиите на ппм честички.- Второ: Никој не покажа мерења или макар проекции колку старт/стоп технологијата ќе го намали автомобилското загадување, колкав е уделот на автомобилското загадување во вкупното загадување, и следствено
колкав удел ќе биде уделот на старт/стоп технологијата во намалување на вкупното загадување.
Без овие две работи, ништо не ја менува мојата теза дека старт/стоп не менува ништо значајно за загадувањето. Дури и на страна што (ама посебно затоа), кога ќе се види како сега стојат работите со другите загадувачи па сеедно дали на локално, или на светско ниво - истата нерелевантност е.
Е и за дизелгејт... Класична политичка и корпорациска пресметка и рекетирање, и никаков научен репер за маргини на грешки на специфични инструменти. Тоа што јас го реков не е „плукање по алатката“ туку едноставно го констатирам фактот дека измерените разлики се во маргините на грешка на инструментот.
Ова морам да го прокоментирам. Катализаторот на целата хемиска реакција е ист, параметрите и условите од табелата која ја цитираш се речиси идентични, АМА од помал количински волумен, да излезе исто како и од поголем количински волумен.
Прокоментирај го следниов аспект: Поважно е кој мери, не со што се мери.
Но не дека не е важно и тоа што
ти покажав дека спомнатиот инструмент има маргини на грешка до 25%
Од истиот аспект: Каде се повеќе мерења за старт/стоп, посебно за ппм емисии, ако навистина има импакт врз загадувањето? Каде се проценките за влијанието на вкупното загадување?