Тоа е веќе сосем друго. Не се наметнува хот хечот како некаков halo car, туку како поскапа верзија на обична кола.
Но нејсе, повторно не се согласувам со тебе. Сето тоа може да се случи, и се случува секој ден. Јебига. Како и со секоја кола, ќе се потресуваш на секоја ситна гребка и секоја ситна маваница некое време. После тоа ќе си легнеш на брашно.
Јас, да можам да си го дозволам бензинот, би возел хот хеч секој ден.
--
Поентата ми беше дека скоро секоја кола, па и Порше може да биде дејли драјвер. Дејли не може да биде некое Ферари, некое Ламборгини, некое Пагани, Бугати или нешто слично. Тоа се инвестиција коли, кои луѓе ги купуваат од пување, за да заработат на нив. Не дека некои модели на Порше не се такви, ама повеќето не се. 911 во некоја нормална верзија, секако не е.
--
Е сега, да се вратиме на моментот хот хеч. Јас би го возел дејли. И заради тоа што би го возел дејли и заради тоа што автоматските менувачи се толку многу отидени напред, би размислил за аутоматик. Ама кога ќе дојде моментот за штиклирање од опциите што сакам, пак наааааааааааааајверојатно би ја прескокнал опцијата Automatic.