Микси другарче, коментарот со војската и автоматикот беше чисто за да се даде малце шмек на темата иако не е потребно, самата кола си е приказна сама за себе. Некои што не служле војска лично ги погоди. Ти се надевам не го сфати сериозно.
Бидејќи некои се фатија за споредбата со вагината, стара е фората, не ја увалив јас во дискусија со намера да навредам туку само да ставам малку цимет во целава оваа дискусија заради вкус.
Еве од каде е извадена, споменатата изјава.
Ако некој се навреди, се извунувам не ми беше тоа намерата.
ДСГ.
Одлична технологија. Го имам овој менувач возено во неколку возила на ВАГ групација.
Најмногу ме импресионираше кај Шкода Октавија врзан со 1.2 ТСИ мотор. Зашто?
Затоа што не добив чувство дека возам мотор од 1200 кубика во кола од речиси 5 метри.
Забрзува и влече одлично затоа што ДСГ враќа од 6 степен на пренос во трет за дел од секунда и добиваш снага веднаш.
Со мануелан менувач, ова нема речиси никогаш да го добиеш. Нити па да го направиш.
Одличен за возење низ градски метеж, одличен ако се врзе со ниско литражен мотор, дизел или бензин сеедно.
Не те заморува на подолги релации, со едната рака секогаш можеш да јадеш сникерс, да пиеш вода и ред други работи.
На подолг пат возењето со ДСГ знае да биде здодевно затоа што имаш чувство дека ништо посебно не ти се случува додека возиш и те фаќа монотонија и с'клет.
ГТИ
Хот хеч е возило кое е неразумно да го возиш секој ден низ град како dailydriver возило. Апсурдно е.
Да драпаш Голф ГТИ, Хонда Сивик Тајп Ер, Алфа Ромео Џулиета КУВЕ или што и да е, секој ден 5 дена во неделата, 12 месеци во годината по гужви од еден крај на Скопје до друг по семафори со триста говеда во сообраќај е според мене ризично. Не дека нема да ти биде убаво, ама хот хеч се купува за душа и да си го возиш и чуваш со години. За дрнкање низ Скопје, јас би си земал некој микро бензинец и би се возел со него. Хечот ќе си го чувам како торта на крај од свадба.
Ебењето кај хот хечот е што кога ќе го возиш на подолга релација па и низ град кога ќе ти биде кеиф, да го шифташ и возиш како што ќе ти е кејфот, и ќеифот да си го правиш ти, а не алгоритам на некој паметен германец што седнал и го сместил во ЕКУ-то на ДСГ менувачот.
Да, ДСГ е софистициран и добар и можеш и кај него рачно да шифташ, ама за мене, подобро е истиот да остане кај дизелите и кај малолитражните мотори или кај оние возила кои што се наменети за крузање (Ауди А6, А8, Артеон...) или за строго секојдневна градска употреба (VW Up, Fabia, Polo).
Јас во Хот Хеч би сакал мануелен менувач.
Во поголем седан, "крстарица" би сакал ДСГ менувач.