@Van Јас се слагам дека има ситуации кога резолуцијата не е параметар за квалитет на слика, пошто сум видел Сони плазма 720п како има боља слика од мојот Филипс лцд 1080п. Но сепак на квалитетен сигнал како на пр. Sky TV UK 1080p, full-hd tv ке прикаже 50% (1080/720) повеќе детали и сликата ке биде поостра.
Друга важна работа е дека motion resolution на многу od LCD/LED е 300, така да џабе што е Full HD кога паѓа резолуцијата на 300 и се заматува сликата при брзи движења.
И да, OLED е одличен на ревјуа, подобар од плазма, така да тоа е тоа, само уште ценава да падне.
Да, за motion resolution на кажавме ништо, пошто не отиде муабетов во насока на плазма вс лцд. Денес има толку телевизори што тешко да најдеш за сите рецензии, а во продавница не може баш се да се истестира (почнуваат чудно да те гледаат кога ќе побараш на трет телевизор да пробаш свое видео

). Затоа реков дека со лцд-ата може лесно да се заебе човек, посебно ако е не баш технички поткован, со плазмите е многу посигурна работа (за лаик посебно).
Плус сигналот, т.е. влезот, како што кажа е многу важен, џабе е и најдобар телевизор ако на него се гледа некоја олд скул кабловска телевизија.
Нормално, зависи најмногу што гледаш.
Јас искрено телевизија и не гледам, дали еднаш неделно некои вести ќе се пуштат. Филмови и серии во главно, и НБА ама последниве години 99% од утакмиците како снимки ги гледам. Не можам више да издржам да чекам до 4:30 да почне и да гледам до 7 и кусур... па да продужам на работа.

НБА веќе следното утро ги има утакмиците на торент, 720р со 60fps, џам слика, срча. Фудбал скоро ич не гледам, иначе пар години иам во фиока ХД сателитска картичка за РС, ме мрзи да ставам сателитска антена (пошто за филмови не ми треба, телевизија не гледам, а од спорт скоро се е фудбал а НБА слабо се дава на повеќето шеринг пакети).
720р е во голема преднос со неколку пати помалите фајлови (за симнување), во 8 гигабајтен торент филмот има малтене бескомпромисно квалитетно видео, со фул ДТС звук. Филмовите скоро сите ги има во 1080р ама сериите и кошарка/спорт во најголем број се во 720р. Што значи тие со 1080р нејтив телевизори ги гледаат 720р со upscale, полошо од 720р на 720р телевизор.
Смешки е како огромен дел од луѓево што имаат 1080р телевизори, симињаат торенти од YIFY, од по гигабајт по филм (и после се фалат како гледаат full hd). Нормално не имплцирам дека вие тука го правите тоа, само нагласувам еден куп мои познаници дефинитивно се редовни муштерии на YIFY.