Да ти кажам и јас барам некој таков телевизор, и исто како тебе не се разбирам многу многу во телевизори. Но гледајќи го грундигот стварно се замислив. Сликата кај Самсунгот и ЛЏ то е за нијанса подобра, но сепак 30к денари воопшто не се малк за нијанса разлика во квалитетот на сликата. Важните опции ги има и Грундигот, Смарт ТВ е , 3Д, Ви Фи и остали тракатанци, 400ХЗ е што како што гледам по нетов е добра вредност. Така да мислам дека си вреди за парите. Мене рано ми е уште за телевизори, некаде Март-Април ќе зимам но Грундигот стварно изгледа како добра понуда.