Баба ми, што на сопругава и е мајка го пазарила ова:
PANASONIC TX-L 42 E 6 EПа не викна на гости да почасти сармички и гравче и да и го наместам телевизорот.
Не сум експерт, али правам разлика помеѓу добра, лоша, така-така слика. Пуштив и ТВ и филмче и цртан во HD во FullHD. Сликата е одлична. Одлична. Стакло. Панчево.
Гледам некој му смета тоа SMART што го има, ама тоа да ти било раат за деца. Поврзи телевизорот со wi-fi, пушти YouTube да си врти, а ти на раат да си ги изм’цкаш сармичките.
Башка па направиле апликација за Андроид, па телефонот може да ти служи како тастатура, пад, даљинско, џојстик. Мадафака.
И се тоа за 33 миљарди. И само се сетив дека јас мојот го платив 57 бона пред 6 години и ќе ми застанеше во грклан сармичката.
Го сакам истиот во 50 инча варијанта.