Автор Тема: Купување стан и уредување (Balanar)  (Прочитано 468 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2687
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #225 на: 16 Март 2026, 09:48:49 am »
Тргни го шанкот, направи го работна површина и додај му 10-20цм во длабочина ако имаш простор накај дневната. Сличен распоред имаме на кујни и „полуостров“ наместо шанк беше најдобро искористен простор кај мене. За сѐ се користи, подготовка на храна, кафемат и други мали уреди во ќошот. И пушти му продолжен од тие што се вградуваат во работни површини.

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7483
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #226 на: 16 Март 2026, 10:13:51 am »
Размисли дека ќе треба да ставиш некаква, било каква цедалка за садови до мијалникот, небитно дали лево или десно, и со тоа ти стануваат зафатени уште 45/60 сантиметри од работната површина.

Побалканска работа нема од цедалка на видик.  ;D

Има што се вградуваат во висачот над мијалникот и ќе си капи долу и нема да се гледаат, да фаќаат простор, а за естетика да не правиме муабет.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9251
  • Пичлеме
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #227 на: 16 Март 2026, 10:19:05 am »
П во спална е многу глупа работа, ај што изгледа лошо па и треба да газиш таму кај што ти е главата за да извадиш нешто.
Според сликава од Sketch Up има доволна квадратура спалнава за нормален плакар.
Мене ми боде очи малце dead space- от што го имаш најдесно на шанкот во кујната, мислам дека многу брзо ќе ти стане junk corner.
Пробај со 2/3 дизајни/варијации на кујната за да видиш кој ќе ти биде најприроден.
Мене кај овие плакари ме плашел моментот да не ми падни на гла некој елемент дури спијам и не сум ги земал во предвид ;D

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #228 на: 16 Март 2026, 11:20:36 am »
Ако е тоа П плакар - нема никогаш да ставам.

Ќе одговорам подоцна на секој предлог.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #229 на: 16 Март 2026, 19:47:31 pm »
Имаме исти распоред на кујната и мој совет ти е да ја спуштиш рерната под плотна, микробранова не ти треба и тука да ослободиш плус 60цм од работна маса. Верувај дека повеќе ќе ти треба работна маса отколку микробранова што можеш да ја замениш со air fryer

Размисли за советот од Дуле, се сложувам со него, ако се готви во кујната ќе ти треба тој простор, зашто сега имаш лево од лавабото 60 цм и во ќошот, што може да е непрактично за работа. Знам дека е позгодно рерната кога е горе, ама малце си кнап со простор во кујната, те работна површина.

Тргни го шанкот, направи го работна површина и додај му 10-20цм во длабочина ако имаш простор накај дневната. Сличен распоред имаме на кујни и „полуостров“ наместо шанк беше најдобро искористен простор кај мене. За сѐ се користи, подготовка на храна, кафемат и други мали уреди во ќошот. И пушти му продолжен од тие што се вградуваат во работни површини.

Ве послушав, да речеме  ;D
И претходно не беше баш шанк - шанк, туку ми беше замислено да е високо 110cm. Сега го спуштив на 90cm (исто како и работната површина).
Микро може да се докупи како посебен уред.

Островчето на горната површина е широко 70cm (работната површина општо во кујната е 60cm), долго е 180cm (од другата страна има три елементи по 60cm). Во долниот дел - 40cm е длабоко. Од другата страна (што гледа накај кујната) ќе се извлекуваат две фиоки, едната е околу 36cm висока, другата е 41, така нешто.
Оставив можност (затоа и е плотната на тој дел висечка) да се стават и ниски барски столчиња бидејќи навистина мислам дека ќе го користам/користиме тој дел за седење/јадење. Од крајот на извлечените столици (во употреба) до почетокот на аголната гарнитура треба да има околу 60-тина cm



Mи треба предлог како да го финиширам овој дел што се отвори откако ја тргнав високата колона со фурната и микрото.
Има 60cm ширина:



Размисли дека ќе треба да ставиш некаква, било каква цедалка за садови до мијалникот, небитно дали лево или десно, и со тоа ти стануваат зафатени уште 45/60 сантиметри од работната површина.

Јас тука би играл со вграден фрижидер кај што сега ти е рерната, одма до него стандард плотна и рерна, и се останато работна површина, се до вратата таму (би го елиминирал плакарот).

Втора опција, уште попрактична, е П кујна наместо шанкот. Никој никогаш не седнал на шанк при трпезариска маса, а како работна површина на исто ниво со остатокот од кујната дефинитивно ќе се користи мнооогу повеќе.

Причина е што покрај цедалката спомната погоре, ќе треба на работна површина да ти стои и некаков кафемат.

Ги разбирам желбите и замислите (што секој од нас си ги има), ама не е поентата да фукнеш 3000 евра за кујната и да се нервираш секое влегување внатре.

Исто така, го делам мислењето со Мечето за спалната. Распоредот е очигледно правен за П плакар, и би те советувал да го направиш така (макар и на сметка да елиминираш еден од двата плакари што ги имаш во ходник). Соба за спремање и облекување за на работа и излегување е секогаш спална соба, а не ходник.

Koрегирав тоа што ми се совпадна, а за П плакар - нема шанси. Јас нејќам.
Знам дека спалната е генерално соба за спремање и облекување, ама во таа спална - тие се можностите. Долга е 471cm и широка 266cm. Дури и во каталогот на инвеститорот е како јас што замислив - со ноќни масички од двете страни на креветот.

Плакарот во спалната (како што е на рендерот) треба да е околу 120cm широк, 60cm длабок и до таван.
Плакарот во ходникот е околу 220cm широк и исто длабок 60cm.
Другото во ходникот не е плакар класичен, туку е вака нешто:



Горниот дел (и долниот) се вкупно долги околу 170cm, а најлево делот (што е како плакарче) е 60cm широк. Целото е 50cm длабоко.

А плакарот во кујната (позади вратата) ми е замислен за вака нешто:



Тој е потесен од работната површина (некаде е околу 40cm) бидејќи вратата се отвора натаму.
Моја дамнешна желба е да имам дупол фрижидер со француска врата долу, ама ќе видам како ќе е реално во просторот. Ако се решам за таков фрижидер - ќе се скуси на плакарот.

За цедалка - на ум сум да ја направам во висечите (веднаш над лавабото). Така е кај нас дома со години и е одлично.

Друга опција, преместија вратата од спалната да биди на ѕидот од дневната. После направи плакар во цела должина на ѕидот кон салонот.

Нема шанси ова.
Треба од спалната да излегувам во дневната, па од дневната да одам до ходник, па до тоалет.
« Последно менување: 16 Март 2026, 20:00:50 pm balanar »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2626
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #230 на: 16 Март 2026, 19:52:58 pm »
Како и да го средиш секогаш ќе ти фали нешто, а за месец дена ќе се навикнеш и нема да ти е гајле.  Најбитно е шо ќе бидеш свој на своето, на ситници на губи раат.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18250
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #231 на: 16 Март 2026, 21:09:43 pm »
Во делот на "шанкот" можеш да си направиш некаков кофи стејшн, сигурно ќе најдеш на пинтерест некакви интересни идеи.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7307
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #232 на: 16 Март 2026, 21:39:08 pm »
Размисли дека ќе треба да ставиш некаква, било каква цедалка за садови до мијалникот, небитно дали лево или десно, и со тоа ти стануваат зафатени уште 45/60 сантиметри од работната површина.

Побалканска работа нема од цедалка на видик.  ;D

Има што се вградуваат во висачот над мијалникот и ќе си капи долу и нема да се гледаат, да фаќаат простор, а за естетика да не правиме муабет.

Побалканска работа од скапа кујна, со секакви апарати, ваква фурна, онаков мијалник, најјак аспиратор и на крај готвење на тераса или во летниковец на најефтин СТ шпорет нема.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2755
  • Шалабајзер
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #233 на: 17 Март 2026, 22:59:25 pm »
За цедалката од Пластичарска слушам доаѓаат инспекции и конфискуваат станови..

Шала на страна, бујрум решение за една-две чаши/некое овошје : https://www.pro-dizajn.mk/mk/product/19448/polica-za-rabotna-plocha---fleksi-19448, за другото задолжено е ова :
https://www.pro-dizajn.mk/mk/product/18559/organizator-za-chinii-i-chashi-za-visechki-element-18559


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2124
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #234 на: 18 Март 2026, 07:21:55 am »
Имаме исти распоред на кујната и мој совет ти е да ја спуштиш рерната под плотна, микробранова не ти треба и тука да ослободиш плус 60цм од работна маса. Верувај дека повеќе ќе ти треба работна маса отколку микробранова што можеш да ја замениш со air fryer

Размисли за советот од Дуле, се сложувам со него, ако се готви во кујната ќе ти треба тој простор, зашто сега имаш лево од лавабото 60 цм и во ќошот, што може да е непрактично за работа. Знам дека е позгодно рерната кога е горе, ама малце си кнап со простор во кујната, те работна површина.

Тргни го шанкот, направи го работна површина и додај му 10-20цм во длабочина ако имаш простор накај дневната. Сличен распоред имаме на кујни и „полуостров“ наместо шанк беше најдобро искористен простор кај мене. За сѐ се користи, подготовка на храна, кафемат и други мали уреди во ќошот. И пушти му продолжен од тие што се вградуваат во работни површини.

Ве послушав, да речеме  ;D
И претходно не беше баш шанк - шанк, туку ми беше замислено да е високо 110cm. Сега го спуштив на 90cm (исто како и работната површина).
Микро може да се докупи како посебен уред.

Островчето на горната површина е широко 70cm (работната површина општо во кујната е 60cm), долго е 180cm (од другата страна има три елементи по 60cm). Во долниот дел - 40cm е длабоко. Од другата страна (што гледа накај кујната) ќе се извлекуваат две фиоки, едната е околу 36cm висока, другата е 41, така нешто.
Оставив можност (затоа и е плотната на тој дел висечка) да се стават и ниски барски столчиња бидејќи навистина мислам дека ќе го користам/користиме тој дел за седење/јадење. Од крајот на извлечените столици (во употреба) до почетокот на аголната гарнитура треба да има околу 60-тина cm

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Mи треба предлог како да го финиширам овој дел што се отвори откако ја тргнав високата колона со фурната и микрото.
Има 60cm ширина:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Размисли дека ќе треба да ставиш некаква, било каква цедалка за садови до мијалникот, небитно дали лево или десно, и со тоа ти стануваат зафатени уште 45/60 сантиметри од работната површина.

Јас тука би играл со вграден фрижидер кај што сега ти е рерната, одма до него стандард плотна и рерна, и се останато работна површина, се до вратата таму (би го елиминирал плакарот).

Втора опција, уште попрактична, е П кујна наместо шанкот. Никој никогаш не седнал на шанк при трпезариска маса, а како работна површина на исто ниво со остатокот од кујната дефинитивно ќе се користи мнооогу повеќе.

Причина е што покрај цедалката спомната погоре, ќе треба на работна површина да ти стои и некаков кафемат.

Ги разбирам желбите и замислите (што секој од нас си ги има), ама не е поентата да фукнеш 3000 евра за кујната и да се нервираш секое влегување внатре.

Исто така, го делам мислењето со Мечето за спалната. Распоредот е очигледно правен за П плакар, и би те советувал да го направиш така (макар и на сметка да елиминираш еден од двата плакари што ги имаш во ходник). Соба за спремање и облекување за на работа и излегување е секогаш спална соба, а не ходник.

Koрегирав тоа што ми се совпадна, а за П плакар - нема шанси. Јас нејќам.
Знам дека спалната е генерално соба за спремање и облекување, ама во таа спална - тие се можностите. Долга е 471cm и широка 266cm. Дури и во каталогот на инвеститорот е како јас што замислив - со ноќни масички од двете страни на креветот.

Плакарот во спалната (како што е на рендерот) треба да е околу 120cm широк, 60cm длабок и до таван.
Плакарот во ходникот е околу 220cm широк и исто длабок 60cm.
Другото во ходникот не е плакар класичен, туку е вака нешто:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Горниот дел (и долниот) се вкупно долги околу 170cm, а најлево делот (што е како плакарче) е 60cm широк. Целото е 50cm длабоко.

А плакарот во кујната (позади вратата) ми е замислен за вака нешто:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Тој е потесен од работната површина (некаде е околу 40cm) бидејќи вратата се отвора натаму.
Моја дамнешна желба е да имам дупол фрижидер со француска врата долу, ама ќе видам како ќе е реално во просторот. Ако се решам за таков фрижидер - ќе се скуси на плакарот.

За цедалка - на ум сум да ја направам во висечите (веднаш над лавабото). Така е кај нас дома со години и е одлично.

Друга опција, преместија вратата од спалната да биди на ѕидот од дневната. После направи плакар во цела должина на ѕидот кон салонот.

Нема шанси ова.
Треба од спалната да излегувам во дневната, па од дневната да одам до ходник, па до тоалет.
Еве ние како го решивме, но просторот е многу помал за разлика од кај тебе, мислам дека беше 35цм останатиот дел.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #235 на: 02 Април 2026, 20:13:29 pm »
https://www.facebook.com/share/p/1CPTJ67zVU/

Дали некој има или знае некој што има ваков мијалник?
Ми се допаѓа, а првично сакав да купам надграден...

Најдов 2-3 фирми што ги изработуваат - сите се од Струмица хах

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18250
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #236 на: 02 Април 2026, 20:27:00 pm »
Расмислувај и како ќе го чистиш овој одвод. Знам дека на сите ни е филм дома да ни изгледа како во Booking/Airbnb смештај, ама забораваме дека со овие работи треба да живееме, да ги чистиме и одржуваме.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #237 на: 08 Април 2026, 13:17:48 pm »
Од преку трети лица - случајно разбрав кој е можно да биде ангажиран за инсталација на електриката во зградата.
Секако дека пак официјалниот пат ќе биде преку инвеститорот, ама мислам дека ќе е полесно да се разберам што сакам да се имплементира ако имаш контакт и директно со човекот што ќе го работи тоа.

Ќе треба од инвеститорот да ми кажат и колку ќе биде доплатата за custom инсталацијата кај мене, но сепак треба сега да е доста поевтино отколку после да плаќам електричар, да се прават канали по ѕидовите, да се пуштат кабли + спуштен плафон од гипс за цел стан.
« Последно менување: 08 Април 2026, 13:24:28 pm balanar »

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30897
    • CARclub.mk
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #238 на: 08 Април 2026, 13:48:19 pm »
И бидејќи нè послуша и си купи и гаражно место, побарај да ти изведат (добра) инсталација (ако треба со посебно броило) за струја до гаражното место. Секогаш е практично да се има, а не знаеш дали во иднина ќе си купиш PHEV или BEV.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #239 на: 08 Април 2026, 17:15:46 pm »
Добро што ме потсети, за подрумот не ни прашав како е со струја (сијалица, штек има/нема)...

Некој што знае и има правено - каков кабел треба да се повлече/донесе до подрумот за полнење на коли?